Македонскиот напаѓач Крсте Велкоски постигна гол во дресот на Сараево во победата од 2:1 на дербито против Железничар.Ова за македонскиот интернационалец беше 18-ти погодок во дресот на Сараево со што влезе во клупската историја како најдобар странски стрелец кој играл за овој тим. Претходниот рекорд исто така го држеше македонски репрезентативец Адис Јаховиќ кој во периодот од 2009-та до 2011-та година постигна 17-голови за оваа екипа.
Велкоски на „Кошево“ стигна во јануари оваа година и за кусо време стана миленик на домашните навивачи.
-Ова беше мојата прва победа против Железничар, а постигнав и гол. Чувството е фантастично да се постигне гол на дербито и да се прослави со навивачите. Мислам дека тоа се виде и на теренот, изјави Велкоски по мечот.
Со 18 постигнати голови на 38 одиграни мечеви, Велкоски воедно е убедливо најдобар стрелец на Сараево во оваа календарска година.Ова за македонскиот интернационалец беше 18-ти погодок во дресот на Сараево со што влезе во клупската историја како најдобар странски стрелец кој и