Кирил Прличев 01.03.1875-09.02.1944

На Денешен ден во Охрид почина Кирил Прличев македонски револуционер,член и раководител на ВМРО син на великанот на македонската литература Григор ПрличевМаргинализиран во македонската историографија од 1945 до 1990 год.Македонски револуционер,член и раководител на ВМРО син на великанот на македонската литература Григор Прличев, дедо на Кирил Прличев писател кој живее и работи во Бугарија.Студирал историја и филологија на Софискиот универзитет. Бил назначен за раководител на Организацијата во Воден а воедно бил и учител.Прличев во 1895 учествувал во Мелничкото Востание во четата на Дедо Стоју.Во 1896 учествува на Солунскиот Конгрес, На 5 август 1898 год во Охрид уапсен е Кирил Прличев заедно со Христо Узунов и Методија Патчев поради убиството на Димитар Грданов.Во 1901 год е назначен за учител во Прилеп, а учителстувал и во градовите Воден Солун воедно каде и бил училишен инспектор Во 1902 год  прв пат Кирил е Секретар на Задграчиното представништво во Софија, во 1903 год  учествува во Илинденското Востание како војвода во четата на Христо Чернопеев, по востанието повторно се враќа во Софија и е назначен во втор пат за Секретар на Задграничното представништво се до 1905 год.Во 1908 год Кирил Прличев е секретар на Бугарските конституциони клубови и останал да работи во Софија како писател, преведувач и новинар. Во 1915 год кога со Организацијата управуваат Тодор Александров и Александар Протугеров и по трет пат Кирил Прличев станува Секретар на Задграничното представништво се до 1921 год. Во 1923 год Кирил Прличев е меѓу основачите на Македонскиот научен институт во Софија. По убиството на Александров,се приклучува кон Протогеровиститеза подоцна под притисок од Ванчо Михајлов Прличев се повлекува од револуционерната дејност во Организацијата. Во 1941 год Кирил станува директор на бугарскиот институт за слепи лица, а воедно и Директор на Охридскиот музеј во чие време се пронајдени и моштите на Св.Климент Охридски, оваа функција Кирил ја извршува се до неговата смрт до 09.02. 1944  кога и починува а неговиот гроб се наоѓа во Црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид  каде што почива и неговиот татко Григор Прличев.   Маргинализиран во македонската историографија од 1945 до 1990 год.Македонски револуционер,член и раководител на ВМРО син на великанот на македонска

Пронајдете не на следниве мрежи: