Словенецот Миха Кирнер е победник на јубилејното 40-то издание на Шарпланинскиот куп.Кирнер, кој во саботата го освои второто место во велеслалом, во неделата забележа убедлива победа во слалом, со што го освои првото место на Шарпланинскиот куп. Кирнер за победата освои парична награда од 3.000 евра и на подарок доби кученце Шарпланинец.Миха Кирнер само ја продолжи доминацијата на скијачите од Словенија, кој имаат шест победи на последните осум изданија на Шароланинскиот куп.Второто место и парична награда од 2.000 евра му припадна на сонародникот на Кирнер, Матиц Скибе, додека Бугаринот Никола Чонгаров заврши на третото место.На 40-то издание на Шарпланинскиот куп учествуваа 50 скијачи од 16 држави.
МакфаксСловенецот Миха Кирнер е победник на јубилејното 40-то издание на Шарпланинскиот куп.Кирнер, кој во сабота