Ова што денеска го изјави лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ од, нагласувам, македонскиот електорат, е многу опасна затоа што Рамковниот договор што се потпиша во Охрид беше „стоп“ за крвопролевањето наметнато од страна на надворешни фактори во Република Македонија“, изјави во вестите на ТВ НОВА бранителот Киро Киров од здружението на бранители Бедем.„Бранителите на Република Македонија остро се спротивставуваат, и јас како бранител, на ваквата идеја, затоа што господинот Заев отвора Пандорина кутија со сите проблеми кои од неа можат ад излезат“, вели Киров.
Киров напомена дека Охридскиот договор е рамка, како што вели Заев, да се ослободиме од рамките.
„Меѓутоа, сите закони во една држава се рамки. Сите тие рамки мора да се почитуваат. Ако не се почитуваат, тогаш 2001 може да дојде и 2017“, рече Киров.
Киров потенцира дека бранителите секогаш ќе бидат на столбот на одбраната на Р. Македонија, на македонштината, на македонскиот јазик и македонскиот идентитет и оти мајчиниот јазик и културата на Албанците не се спорни, меѓутоа, изедначување и ставање равенка на двојазичност на целата територија на Република Македонија е нонсенс.
Не е чудно што господинот бивши политичар од Швајцарија изјави дека македонските деца треба да учат албански, во ред. Меѓутоа човекот не знае какви премрежија Македонија поминала низ својата историја за да дојде до денешната самостојност.„Бранителите на Република Македонија остро се спротивставуваат, и јас како бранител, на ваквата идеја, затоа што господинот Заев отвора Пандо