Кит дигнал брод во воздух

Покрај австралискиот брег денеска кит се судрил со спортски рибарски брод и го кренал во висина, при што едно лице изгубило свест, додека тројца туристи се здобиле со фрактури на коските на лицето и ребрата, изјави денеска капетенот на бродот Оливер Галеа, кој исто така е повреден.Бродот, долг девет метри, се враќал од пристаништето во архипелагот Витсандејс, во државата Квинсленд, со осум патници, кога китот удрил во дното на бродот, и го кренал во воздух.
– За секунда сите се најдовме на подот, бродот се крена во воздух и повеќе никој не стоеше на нозе. Никој не знаеше што се случува, објасни капетанот.
Еден 71-годишен Јужноафриканец, кој се наоѓал на бродот, изгубил свест и веднаш му е укажана помош на самото место, додека четири лица се хоспитализирани.Бродот, долг девет метри, се враќал од пристаништето во архипелагот Витсандејс, во државата Квинсленд, со осум патници, кога китот удрил во дното н

Пронајдете не на следниве мрежи: