Оваа сабота директно од центарот на Скопје во клубот Епицентар, хрватскиот DJ Eddy Ramich за сите клабери подготвува одличен диџеј сет. На полноќ љубителите на клупска музика ќе започне да ги загрева диџејот Андреј Мицајков. Се ветува одлична забава која ќе трае се до утринските часови.
Eddy Ramich е клучна фигура на источно европската клубска сцена, со ентузијазам кој опфаќа голем дел на пионерски активности од продукција на музика до креирање на забави. Роден е во Загреб по неколку музички проекти во 1999 година со својот другар и ко продуцент Dus отвораат клубска вечер насловена како Контрапункт.
Во 13 години постоење меѓу стотиците влијателни диџеи тие ќе ги имаат и Gilles Peterson, 4Hero, Carl Craig, IG Culture,Theo Parrish. Eddy и Dus се меѓу првите светски препознаени продуценти од балканот а нивните изданија ќе им донесат огромен број настапи надвор од земјата. По 2000та година тој ќе го започне House Jazz проектот со пеaчката Јана кој ќе биде нова успешна фаза во неговата плодна кариера. Денес Eddy е фокусиран на својата соло продукција и вистински ужива во големиот број ДЈ настапи низ светот кој се резултат пред се на визионерската улога и огромниот талент.
Уживајте во музиката на Eddy! https://soundcloud.com/eddy-meets-yannahEddy Ramich е клучна фигура на источно европската клубска сцена, со ентузијазам кој опфаќа голем дел на пионерски активности од продукциј