Класиците на Харвард: Бесплатно преземете ги сите 51 том е-книги

Секоја револуционерна доба носи свој вид на носталгија. Соочени со огромни социјални и економски пресврти на крајот на 19-тиот век, Викторијанците како Волтер Потер, Џон Раскин и Метју Арнолд се ориентираа кон високо црковен модел и претставуваа епископи на западната култура, со свештеничка посветеност на зачувување и пренесување на стари текстови и традиции и враќање на поедноставниот начин на живот.Класиците на Харвард се појавија во 1909 година, пред доаѓањето на модернизмот и Првата Светска Војна. Составени од претседателот на Харвард, Чарлс В. Елиот, на почетокот беа наречени Dr. Eliot’s Five Foot Shelf. Адам Кирш во Harvard Magazine напишал дека оваа збирка од литература, филозофија и наука ќе послужи како “споменик од похумано и посигурно време”( или барем така верувале горните класи) и “временска капсула … во 50 томови.”
Што содрши големата колекција? Според Кирш претставува “евиденција за тоа што претседателот Елиот најдобро смета дека ќе биде огромно наследство за Америка и неговиот Харвард.“ Намерите на Елиот за неговата работа се разликуваат од оние на неговите англиски колеги. Наместо едноставно собирање на материјал за потомството, “најдоброто што е замислено и искажано” (според зборовите на Метју Арнолд), Елиот ја означи својата антологија како “пренослив универзитет” – прагматичен свет на алатки и еден производ. Тој посочи дека текстовите може да се поделат во збир од 6 курсеви на конзервтивни теми, како што се историјата на цивилизацијата и религијата и филозофијата. Воведот на Елиот ја прикажува целосната верба во повремениот и неправилниот напредок од варварството до цивилизацијата.
Во својата експертска синергија на морално издигнување и маркетинг, Хардард класиците( подолу ќе ги видите линковите за бесплатно преземање на е-книгите) припаѓаат на буржоаската златна доба на Марк Твен, како и на псевдо- аристократскиот период на Викторијанската книжевност и како што еден би кажал – тоа се двете страни на еден океан. Првично идејата за собирање не ја кажал Елиот, туку двајца уредници во редакцијата на П.Ф. Колие кои наметнаа “трговско друшто уште од почетокот”, по дадениот говор на Елиот на група работници, во кој тој уверува дека полицата со книги долга 5 метри ќе биде создадена.

Колие побара од Елиот да ги даде насловите и тие ги објавија како серија на книги. Тие беа достапни за повисоките социјални класи, со што луѓето желни за знаење и образование не ги признаваа. По повеќе од 100 години и напредок во еволуцијата и културата, секој со интернет -приклучок може да го прочита 51-от том поставен на интернет. Ден Колмен ги објави бројните начини како да ја добиете антологијата на Чарлс В. Елиот:
“Вие сеуште може да ја купите колекцијата на eBay по цена од 299,99 американски долари. Но, можете и да ја посетите веб- страницата Internet Archive и Project Gutenberg, која има линкови за секој текст вклучен во Класиците на Харвард(Wealth of Nations, Origin of Species, Plutarch’s Lives… листата продолжува подолу). Ве молиме имајте предвид дека претходните две врски немаат пристап до Класиците.
 На веб- страницата  Bartleby има линкови со текстовите од целата колекција, наречена “најсеопфатната и најпроучената антологија на сите времиња.” Но, четајте има уште! Елиот и неговиот асистент Вилијам А. Нелсон додадоа уште 20 тома, наречени Shelf of Fiction. Прочитајте ги овие 20 тома, по 15 минути дневно, почнувајќи со Хенри Филдинг и завршувајќи со норвешкиот писател Александер Киленд. 
Целосната колекција книги можете да ја видите и преземете на следниов линк: https://www.bartleby.com/hc/Класиците на Харвард се појавија во 1909 година, пред доаѓањето на модернизмот и Првата Светска Војна. Составени од претседателот на Харвард, Чарлс

Пронајдете не на следниве мрежи: