Клековски: ДИК има обврска да ја заврши квалитетно својата работа

По одлагањето на изборите јасно беше дека шансите за понатамошно одлагање се многу мали. Извесно беше дека одредениот датум е 5 јуни, бидејќи изборите веќе еднаш се одложија, вели за ТВ Нова политичкиот аналитичар Сашо Клековски.-ДИК има обврска да ја заврши квалитетно својата работа и да се завршат изборите во најдобар ред. Не беше најефикасно организирана ДИК на почетокот. Се бараат начини за да се најде решение, ако времето беше спорно требаше да се направат измени навреме. Сега е доцна, по распуштање на Собранието, изјави Клековски.
Избирачкиот список е со одличен квалитет, покажаа проверките, потенцира Клековски. Според него, дневно политичките потреби на партиите направиле дополнителни компликации со избирачкиот список.
-Имаме медитерански, односно балкански однос кон администрацијата. Тоа е некако дополнителна компликација. ДИК можеше порано да ги почне подготовките, но иако малку потфрли, не е доцна, бидејќи јасно е дека нема и никогаш нема да има перфектен избирачки список. Тој треба да биде доволно добар за спроведување на избори, појаснува Клековски.-ДИК има обврска да ја заврши квалитетно својата работа и да се завршат изборите во најдобар ред. Не беше најефикасно организирана ДИК на почетокот

Пронајдете не на следниве мрежи: