Светскиот шампион во тешка категорија, Украинецот Владимир Кличко се степал со Британецот Дерек Чисора во една дискотека на Ибица.Кличко и Чисора имале една рунда во диското во Ибица, жестоко се степале, но инцидентот не траел долго, затоа што експресно реагирало обезбедувањето и ги раздвоило боксерите.
Веќе подолго време трае нетрпеливоста помеѓу Кличко и Чисора, дури од февруари 2012 година, кога Британецот се бореше за титула со братот на Владимир, Виталиј. Тогаш Чисора му влепи шлаканица на Владимир, а го плукна Виталиј во рингот по интонирањето на химните.
Се уште не е познато кој го извлекол подебелиот крај од тепачката на Ибица, а тренерот на Чисора, Дон Чарлс го потврди инцидентот, велејќи дека е „неверојатно како од сите места на светот, двајцата во понеделник навечер избраа да одат во ист ноќен клуб“.Кличко и Чисора имале една рунда во диското во Ибица, жестоко се степале, но инцидентот не траел долго, затоа што експ