Околу 10 000 проруски протестанти вчера се собраа во Доњецк, со цел да изразат желба за приклучување кон Русија, со што го принудија пораншениот боксер, а сега политичар Втиталиј Кличко, да го откаже собирот со своите проврзаници.Протестантите извикуваа “Русија!”, “Доњецк е руски град” и “Путин за претседател”, а во местото на поранешните упоришта на соборениот претседател Виктор Јануковиќ, беа поставени руски знамиња и знамиња на Комунистичката паратија.
Демонстрантите, исто така му оддадоа почит со едноминутно молчење на загинатите полицајци во протести од минатиот месец во Киев. Роберт Дони, еден од лидерите на протестантите, изјави:
– Луѓето се бунат, бидејќи го изгубија трпението. Украина е вовлечена во политичко-економските игри на Европа и на западот!
Дони најавил нови протести за во наредните денови.
Кличко, кој е претседателски кандидат, изјави дека сака да се сретне со граѓаните на Доњецк во пресрет на изборите во Украина, кои ќе се одржат на 25ти мај. Граѓаните на Доњецк не ја прифаќаат проевропската влада во Киев и настојуваат за засилување на односите со Москва.
Кличко ги критикуваше руските медиуми, бидејќи, како што рече тој, тие им го переле мозокот на граѓаните за да застанат против новата влада во Киев.
Меѓутоа, Кличко мораше да го откаже најавениот собир во Доњецк со цел да избегне можни судири, бидејќи централниот плоштад беше преполн со демонстранти.
Проруските протестанти се собраа околу споменикот на Ленин, а потоа шетаа низ улиците со руско знае.Протестантите извикуваа “Русија!”, “Доњецк е руски град” и “Путин за претседател”, а во местото на поранешните упоришта на соборениот претседател В