Климатските промени ќе ни одземат дел од храната

Нашите идни генерации, на пример можно е да не знаат што е кафе или добро пиво благодарејќи на климатските промени.
1.Чоколадата ќе стане сé поскапа
Покачувањето на температурите предизвикани од климатските промени можат сериозно да им наштетат на приносите на какао. Познато е дека какаото може да биде доста осетливо на високи температури, што резултира со покачени цени на чоколадата изминатава декада. Значи, колку помалку какао, толку поскапо чоколадо.
2.Јаболката ќе станат помеки
Зголемените температури значи дека цветовите на дрвјата ќе цутат порано, а со тоа и плодовите. И, тоа можеби не е најстрашното нешто на светот, но студијата на Фуџи, Јапнија покажува дека изминатите 40 години, јаболката станале многу помалку крцкави и сочни што ја чини суштината на едно навистина добро јаболко.

3.Ќе биде тешко да најдете добро пиво
Долгите и топли лета покажаа дека веќе го уништуваат хмељот насекаде низ Европа, а пиварниците во САД за брзо време ќе се занимаваат со истиот проблем. Јачменот и чистата вода, двете други важни состојки за пивото нема да бидат поштедени исто така.
4.Рибите ќе почнат да исчезнуваат
Студиите покжуваат дека температурите во океаните предизвкуваат разни видови на риби да мигрираат кон Север и да се вратат на своите основни услови за живот. Истражувањата покажуваат дека пастрмката и лососот во САД би можеле да се намалат за 38% до 2090год. селејќи се во поладни реки и езера.
5.Поголемиот дел од плантажите за кафе ќе бидат уништени
Исто како и какаото, на кафето му се заканува исчезнување и до 70%. Истражувањата покажуваат дека дури една третина од целокупното производство на кафе ќе се намали, а можеби и целосно ќе го снема до 2080 год. Климатските промени исто така ќе бидат одговорни за појавата на болести на листот од кафето т.н. р’ѓа, која може да уништи голем дел од плантажите со кафе во Латинска Америка.
6.Медот ќе го снема
Невообичаени временски услови во 2012 предизвикаа намалено производство на мед во Шпанија. Со појавата на суша и намалувањето на цвеќината воопшто, пчелите останаа без „работа“ што резултираше во намалено производство на мед. Истото се случуваше и во Велика Британија и Америка, каде прераното цутење на цвеќината не се совпадна со будењето на пчелите од зимскиот сон. Сето тоа влијае врз производството на мед како и на постоењето на пчелите воопшто.
7.Винариите нема да можат да одгледуваат грозје
Винопроизводителите се неверојатно зависни од суптилноста на животната средина (температура, почва, време) како би добиле совршена комбинација на грозје кое на секое вино ќе му даде посебен шмек. Покачувањето на глобалните температури, ќе значи дека традиционалните региони познати по доброто вино како што се Франција и Италија, ќе страдаат најмногу. Оние на север ќе станат поповолни за одгедување на вино како што е Велика Британија, но би сакале ли токму Велика Британија да се грижи за светскиот квалитет на вино? Не веруваме. 
8.Путерот од кикиритки ќе стане луксуз
Растенијата од кикиритки се доста чувствителни на суши и поплави и изминативе години се соочија со болести, како и со повисоки цени на пазарот. За разлика од сега, кога путерот од кикиритки е храна на студентите, мрзеливите туристи и малите деца, во иднина овие категории на граѓани ќе се откажат од ова задоволство токму поради глобалното затоплување.
9.Скоро секое производтсво на храна ќе биде нарушено на начин кој сеуште не можеме да го предвидиме
Според извештаите на Светската Банка, вистинскиот предизвик за земјоделството е тоа што животната средина, производствениот систем и условите кои нé опкружуваат се неверојатно сурови и благодарејќи на климатските промени ќе биде вистинска борба да се соочиме со реалноста која нé очекува. 

Пронајдете не на следниве мрежи: