Барем за претседателот Иванов се чисти работите. Тој сега, ако претставникот на најголемото мнозинство во Собранието на РМ побара уште време, значи уште еден период од 20 дена, дека има индииции, можност да се состави парламентарно мнозинство, треба нему да му го даде мандатот, вели универзитетскиот професот по Уставно право и политички систем, Саво Климовски.
-Ако од тоа се откаже (победничката партија), во тој случај неговото барање (на претседателот) треба да биде упатено до сите пратеници и да се побара минимум 61 потпис за да се конституира Собранието, а кога ќе се конституира Собранието, кога ќе се избере претседател, во тој случај тие 61 потпис, дали ќе бидат помалку или повеќе, треба да се излезе пред него и да се каже “ве молам, јас имам 61 мандат, мнозинство од пратениците за да може да се избере нова влада“. Тогаш ќе се пристапи кон изготвување на програма, програмски определби и се друго што треба да оди за да може да состави влада, односно да биде избрана Владата во Собранието, вели Климовски.
Поранешниот претседател на Собранието повторува дека за претседателот се сосема јасни ситуациите.
-Претседателот во оваа ситуација треба да си седне со досегашниот мандатар, да поразговара, има изгледи, нема изгледи, едноставно да ја разгледаат целокупната ситуација, мандатарот да пресмета заедно со своите коалициони партнери дали и што тоа ќе значи по политичкиот углед, по државните интереси и врз сонова на тоа да си направат проценка дали да го врати мандатот или можеби ќе му треба малку повеќе време за да состави, за да го обезбеди парламентарното мнозинство, вели Климовски-Ако од тоа се откаже (победничката партија), во тој случај неговото барање (на претседателот) треба да биде упатено до сите пратеници и да се поба