Времето покажа дека СЈО на Катица Јанева е орган кој селективно, неиздржано и необјективно дејствува во правосудниот систем и постапува по директивите на опозицијата, а не според принципите на уставност и законитост. Ова во интервју за Курир го истакнува универзитетскиот професор Александар Климовски.Експертите во областа право, меѓу кои и вие, често даваат критики за работата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во однос на нејзиното непознавање на состојбите. Граѓаните, пак, во нејзините настапи препознаваат политичка позадина. Како го оценувате начинот на работење на СЈО и на Јанева пред се?
КЛИМОВСКИ:Еден орган што нема уставно правна основа и институционална рамка утврдена во самиот Устав, туку е базирана на наметнатата политичка одлука, не може да делува не само врз основа на принципот на правото ниту пак да одговара според правните норми и принципот на правдата. Значи, нешто што е зачнато вон сите фундаментални принципи на правото немојте да очекувате да функционира како легална и респектабилна правна институција. За мене како правник, а верувам и за сите граѓани кои што можеби и не ги знаат правните постулати, но длабоко во свеста им е всаден принципот на правичност и праведност, најнормално беше оние кои се согласија таквиот орган да постои, требаше најпрво за истиот да создадат барем минимална уставна основа со усвојување на таква уставна подлога што подоцна ќе му овозможеше легалитет и легитимност на овој орган. Иако, очекувањата на сите страни кои го поддржаа формирањето на СЈО беа дека овој орган ќе работи неутрално, непристрасно и објективно. За жал, времето покажа дека се работи за орган кој селективно, неиздржано и необјективно дејствува во правосудниот систем и постапува по директивите на опозицијата, а не според принципите на уставност и законитост. И затоа за ваквиот расплет на предметите за кои води истрага СЈО виновно е самото СЈО бидејќи не се надмина себе си, не создаде свесност во своите редови дека е самостоен орган, а не алатка во рацете на опозицијата. Оттука, нападите врз судот дека не постапува по желбите на СЈО се неосновани. Што може да направи судот кога желбите на СЈО и законските прописи по кои мора да работи судот не се поклопуваат?
Дали ослободувањето од притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талевски е уште еден доказ за неиздржаноста за делата за кои го терети СЈО?
КЛИМОВСКИ:Врз основа на претходното може да се примени народната поговорка “криво насадено дрво не може долго да опстане” или поговорката “што знае дете колку тежи вреќа од 50 кг”. Затоа и СЈО во континуитет дава вакви предлози за мерка притвор, без докази и аргументи за нивната основаност, и затоа судот во континуитет ги одбива ваквите бизарни предлози за мерки притвор. СЈО е параорган во нашиот правосуден систем и орган кој работи врз основа на материјали кои немаат статус на докази. Оттука, не треба никого да изненадува дека и во иднина судот нема да им ги прифаќа нивните барања за мерки притвор доколку истите не се поткрепени со докази кои би го увериле судот да ги прифати. Со случајот на битолскиот градоначалник, СЈО по којзнае кој пат ја покажа неговата субјективност и по којзнае кој пат се покажа дека работи според инструкции кои доаѓаат од центри во опозицијата кои неможат да направат дистинкција меѓу она што е правна норма и она што е политика.
Последната акција на Јанева е за протестите во општина Центар, односно за како што од таму велат насилството во општинскиот двор. Ако некаде како народ видовме насилство изминатиов период тоа секако се сите дејствија на Шарената револуција. Дали овие две насилства воопшто се споредливи и како ви требало Јанева да постапи ако правото, а не политиката е она што ја води?
КЛИМОВСКИ:Диоптерот на СЈО, а уште повеќе на раководителот на овој параорган е политички фокусиран и е со тотално изместена правна диоптрија. Инаку, како тој орган од толку помпезно најавуван криминал на највисоките функционери на власта се фокусира на истрага за уставно гарантираното право на протест на граќаните без никакви материјални и правни последици како што беа протестите пред општината Центар, а истовремено се амнестираат од одговорност учесниците од повеќемесечните насилни протести на т.н. шарените револуционери кои посегнаа и по јавен имот и со крајно вулгарни закани упатени кон највисоките носители на државни функции како што се Претседателот на Републиката, Претседателот на Собранието, Владата и Уставниот суд. Тоа јасно говори дека за СЈО не важи ниту основното правило што студентите на прва година на правните студии го изучуваат, а тоа е дека највисокиот степен на концентрирана политичка волја и моќ е правната норма, а не поединечната политичката одлука.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека кога СДСМ ќе дојде на власт тој има за цел да ја направи цела Македонија двојазична. Кој е вашиот став околу оваа идеја која веќе беше критички дочекана од страна на јавноста и експертите?
КЛИМОВСКИ:Оваа изјава уште еднаш ја потврдува искривената перцепција на г-дин Заев дека Уставот и однесувањето во согласност со нормите е тоа што тој го мисли, а не тоа што реално ги регулира општествените односи. Тоа говори дека или тој човек е политички далтонист или не е персонално дораснат за позицијата што ја има во општеството, но и за тоталниот крах на политиката на политичката партија што ја води. Впрочем, таквите размислувања да не се трагични ќе бидат крајно комични и затоа не можат да издржат никаква критична опсервација и апсурдно би било да бидат и дискутирани во било кое време и во било кои кругови. Меѓутоа останува фактот дека досегашното негово дејствување не е во рамките на легитимниот и легалниот политички натпревар, а со тоа штетата што е направена на државата на внатрешен план, како и на угледот и напредокот на меѓународен план е со огромни последици кои ние како граѓани секојдневно ја трпиме.
Партиите потпишаа договор за предвремени парламентарни избори на 11-ти декември. Има ли простор да се очекува ново одложување или сметате дека народот ќе гласа токму на овој датум?
КЛИМОВСКИ: Лично мислам дека просторот за било какво одложување на изборите по трет пат не постои, иако кај граѓаните е создадена една потсвесна перцепција дека со таков политички актер како што е г-дин Заев секоја претстава е можна. Се надевам дека изборите овој пат ќе се случат и граѓаните ќе можат да одлучат дали ќе дадат повторно мандат за водење на државата кон унитарност и економски и социјален просперитет или ќе изберат кантонизација или федерализација, без никакви шанси за продолжување на стабилноста на државата на меѓуетничките односи и напредок во економијата и социјалната сфера. Истовремено, искрено и силно верувам во колективната меморија на нашите граѓани и нивната мудрост, без оглед на етничката припадност, дека знаат да ги препознаат манипулациите и празните ветувања и истите да ги казнат на изборите, како и да ги препознаат реалните и исполнетите ветувања и истите уште повеќе да ги наградат на денот на изборите. Доволно е да се потсетат како беше пред 20-тина години во времето на транзицијата и приватизацијата, какви тогаш беа меѓуетничките односи и економската и социјалната сигурност и здрвствената заштита, а како е денес на полето на економијата и вработувањата, субвенционираното земјоделство, редовните и зголемените пензии и плати, мерките за подобрување на социјалната и здравствената заштита и особено создадените услови за безбедност и мир во државата.Експертите во областа право, меѓу кои и вие, често даваат критики за работата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во однос на н