Јас мислам дека секоја иницијатива која се поднесува до Уставен суд е право на граѓаните, односно на подносителите на тие изјави и јас мислам дека тие се уставни. Не треба да се заборави дека судиите уживаат имунитет. Имунитетот, судијата го има со истиот капацитет како што го имааат и пратениците, вели во интервју за телевизија Сител поранешниот прв човек на Собранието, Саво Климовски.
-Јас мислам дека тоа е еден флагрантен обид да се врши директен притисок на Уставниот суд и директно на судиите на Уставниот суд воопшто да не пристапат во разгледување и донесувањето на одлука, тоа си е нивна, во врска со пдонесените иницијативи. Напротив, јас мислам дека таа одлука мора да се земе како приоритетна, Уставниот суд веднаш треба да расправа по поднесените иницијативи и со оглед на значењето, со оглед на сензибилноста, со оглед на карактерот на прашањето кои што го покренуваат во тие иницијативи мсилам дека тоа би било многу одговорно и политички исправно, вели Климовски.
Тој додава дека уставно- правно е сосема во ред, тие уживаат имунитет и порачува да не се плашат од никаква кривична- правна одговорност.
-Ова е директен напад врз самостојноста, имунитетот и начинот на одлучување на уставните судии и тоа е за мене неприфатливо, вели Климовски.
-Јас мислам дека тоа е еден флагрантен обид да се врши директен притисо
Пронајдете не на следниве мрежи: