Климовски: За Заев политиката е авантура која може да биде опасна за граѓаните

Тезите на Зоран Заев и СДСМ ги набљудувам и се обидувам да ги разберам од два аспекти. Едниот аспект е неговото незнаење и неможноста да направи разлика што е општество, а што држава. Општеството е многу поширока категорија, државата е само дел на општеството. Замената на тезите она што е општетството, а нашето мултинационално општество каде сите национални заедници имаат подеднакви права, со држава навистина станува еден вид на злосторство и тоа не од небрежност или незнаење, туку со умисла.Ова во Дневникот на Сител го истакна професорот Саво Климовски коментирајќи ги последните скандалозни изјави на Заев за промена на Уставот, федерализација на Македонија и двојазичност на целата територија.
-Мислам дека таквата замена на тези води кон втората, а тоа е да го фокусира интересот во претстојната кампања надвор од реалните програмски определби, надвор од она што се успеси и неуспеси и бидејќи немаат соодветен одговор се обидуваат да внесат спиритуалистички духови надвор од програмските определби на СДСМ. Го молам Заев да седне, да ги формулира, стави, усвои овие негови пред се лични ставови и гледишта и да добие верификација од партијата во програмските определби и тогаш можеме да разговараме за сериозен пристап. Ова е една манипулација на еден недоволно едуциран човек. За него политиката гледам дека претставува една авантура која може да биде опасна за македонските граѓани и македонската држава како целина. Или ќе седнат тоа да го вообличат и ќе го бранат тоа на избори или во вакви многу опасни изјави кои може да создадат опасна ситуација да ги закрват луѓето, вели професорот Климовски за Сител.Ова во Дневникот на Сител го истакна професорот Саво Климовски коментирајќи ги последните скандалозни изјави на Заев за промена на Уставот, федерал

Пронајдете не на следниве мрежи: