Клинт Иствуд: Трамп ја предизвика „генерацијата на пи*ки“ на Обама

Претседателскиот кандидат Доналд Трамп ја предизвика „кукавичката генерација“ на актуелниот американски претседател Барак Обама и вербата во политичката коректност, изјави легендарниот актер Клинт Иствуд во интервјуто за магазинот „Esquire“.Во интервјуто, Иствуд објаснува зошто повеќе ја преферира директната политика на Трамп, отколку бесмислените пораки на кои секојдневно се изложени Американците.
-Има нешто во политиката на Трамп, бидејќи потајно сите се изморени од политичката коректност и умилкувањето. Тоа е генерацијата на бакнување задници која е актуелна во моментов. Ние сме една генерација на пи*ки. Сите се претпазливи како да чекорат на лушпи од јајца. Гледаме луѓе како обвинуваат други дека се расисти и секакви други работи. Додека растев, тие работи не беа етикетирани како расистички. – изјавил актерот.
<На прашањето за дефинирање на „генерацијата на пи*ки“, актерот одговара:
-Тоа се сите оние луѓе коишто велат: Ох, не можеш да го направиш ова, не можеш да го направиш она и не смееш да го кажеш тоа. Веројатно такви се времињата сега.
Легендарниот актер додаде дека ја цени суровата искреност на Доналд Трамп.
-Понекогаш не кажува добри работи, но понекогаш е сурово искрен и ја открива вистината. И да, не мора секогаш да се согласите со неговите ставови.
Во интервјуто, актерот открива дека Трамп „знае да даде многу глупави изјави, но дека сепак не би гласал за политиката на Хилари Клинтон која ги следи чекорите на Барак Обама.“
Иствуд е една од последните јавни личности кои го креваат гласот поради системот за политичка коректност.Во интервјуто, Иствуд објаснува зошто повеќе ја преферира директната политика на Трамп, отколку бесмислените пораки на кои секојдневно се изложени

Пронајдете не на следниве мрежи: