Аикидо клубот Хенбо од Скопје, викендов со меѓународен аикидо семинар ќе ја прослави 10 годишнината од основањето.Дводневниот семинар ќе се одржува во СРЦ Кале со почеток од 10 часот, а за сабота навечер од 19 часот ќе се прикаже јавна демонстрација на аикидо вештината. Влезот ќе биде бесплатен.
„За Хенбо оваа десетгодишнина е потврда за нашето клупско континуирано залагање да ја промовираме оваа боречка вештина, а исто така и потврда дека интересот кај луѓето во Македонија за неа постои и од година во година се зголемува“, вели клупскиот учител Дамјан Цингарски.
Семинарот по изворно аикидо ќе го водат три врвни меѓународни аикидо учители носители на мајсторско ниво 6-ти Дан: Микеле Кваранта шихан од Швајцарија, Јелена Врзиќ сенсеи од Србија и Ед Германов сенсеи од Бугарија.
Аикидо клубот Хенбо е членка – основач на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија која сертификатите за степени официјално ги добива од Светскиот аикидо центар – фондацијата Аикикаи во Токио, Јапонија.
Аикидо е боречка вештина со потекло од Јапонија која во последниве години се распространи низ многу градови во Македонија.Дводневниот семинар ќе се одржува во СРЦ Кале со почеток од 10 часот, а за сабота навечер од 19 часот ќе се прикаже јавна демонстрација на аикидо в