Македонскиот првак Вардар ја прекина соработката со тренерот Индира Кастратовиќ. По ремито на мечот со ФТЦ Раил Карго, и по големиот притисок од јавноста, клубот се реши дека некогаш најдобриот десен бек од СП нема повеќе да биде тренер на „црвено-црните“ девојки.На денешниот тренинг на ракометарките им беше соопштена одлуката за промената на тренерот. Тие продолжуваат да се подготвуваат за следните предизвици во ЛШ, а без оглед на промените амбициите остануваа исти, а тоа е напад на самиот европски врв.
Кој ќе ја замени Кастратовиќ на клупата ќе официјални ќе биде познато деновиве, а клубот дополнително ќе објави детали околу идните чекори за ангажирање на тренер. Досегашниот помошник Аце Станковски останува дел од стручниот штаб и во иднина.
Кастратовиќ во Вардар беше дел од есента 2012 година, и со екипата четирипати по ред беше првак на Македонија и трипати го освојуваше Купот на Македонија. Трипати беше дел и од завршниот Ф4 турнир во ЛШ.
Во соопштението на клупската веб страница се вели дека Вардар е среќен што овој период соработуваше со тренер кој остави белег на патот до трите бронзени медали од Ф4 турнирите во Лигата на шампионите.На денешниот тренинг на ракометарките им беше соопштена одлуката за промената на тренерот. Тие продолжуваат да се подготвуваат за следнит