На 16 и 17 октомври 2017 г. Скопје ќе биде центарот на бизнис случувањата од ЈИЕ регионот и домаќин на 6-тиот по ред годишен САМИТ100 за бизнис лидери од Југоисточна Европа, со примарна цел да се изнајдат конкретни идеи, проекти и предлози за подобрување на поврзаноста во регионот од сите економски и општествени аспекти.САМИТ100 за бизнис лидери од ЈИЕ е уникатна бизнис иницијатива која започна во 2011 година со цел да ја поттикне бизнис заедницата од регионот да преземе одговорност за бизнис и економска интеграција, а преку тоа и да ја подобри конкурентноста на националните и регионалните економии и обезбеди подобар квалитет на живот за сите граѓани од овој дел на Европа.
По успешната траекторија која ја водеше оваа уникатна бизнис иницијатива преку Аранѓеловац во Србија, Бечичи во Црна Гора, Цавтат во Хрватска, Порторож во Словенија и Сараево во Босна и Херцеговина, оваа година САМИТ100 се сели јужно во реномираниот Скопје Мериот Хотел. 6-тиот годишен самит ќе собере околу 150 топ бизнис и политички лидери од ЈИЕ регионот, заедно со специјални гости од Европската Комисија, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициона банка, Нордерн, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и многу други, со цел да се идентификуваат клучните проекти и идеи за развој на регионот.
Темата на овогодинешното издание ќе биде CONNECTIVITY (ПОВРЗУВАЊЕ) од сите можни аспекти, вклучувајќи транспорт и бесплатно карго, проектот „Зелена Балканика“ кој цели да ја направи ЈИЕ центар за електричната мобилност во европската инфраструктура, понатаму брендирање и промоција на регионот, мобилност на луѓето, енергетика, дигитализација итн. Главен гостин на 6-тиот САМИТ100 ќе биде Еврокомесарот за транспорт Виолета Булц.
Целта на иницијативата САМИТ100 е да се позиционира регионалната соработка високо на агендата на секоја влада во регионот, поттикнувајќи специфични прашања и целејќи да постигне нов договор за новата ера кој ќе ја подобри конкурентноста на националните економии и ќе го зајакне потенцијалот на Југоисточна Европа.
Всушност САМИТ100 бизнис лидери од ЈИЕ е уникатна бизнис иницијатива која на едно место ги собира најеминентните бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и од Албанија. Иницијатори и организатори на САМИТ100 се Алкалоид Скопје, заедно со Асоцијацијата на менаџери од Словенија, Асоцијацијата на менаџери од Србија, Хрватската асоцијација на работодавачи, Фондацијата Атлас од Црна Гора, BBI Банка и АСА Холдинг од Босна и Херцеговина.
САМИТ100 прерасна во силен бренд на регионална бизнис соработка и важна платформа за размена на идеи и поттикнување на програми за развој преку кои регионот на ЈИЕ доаѓа чекор поблиску до силна бизнис заедница, која генерира висок економски раст и креира подобар квалитет на живот за сите луѓе од Југоисточна Европа. Неговата визија е преку конструктивна соработка регионот на ЈИЕ да стане еден од најиновативните и најконкурентни во светот.САМИТ100 за бизнис лидери од ЈИЕ е уникатна бизнис иницијатива која започна во 2011 година со цел да ја поттикне бизнис заедницата од рег