Претседателот на ДУИ Али Ахмети по средбата со претседателот Ѓорге Иванов изјави дека сите опции се отворени и дека се во преговори со политичките партии.
Ахмети подвлече дека тој го нема клучот за формирање на Влада, односно дека клучот е кај претседателот Иванов.
Тој посочи ДУИ ќе ги стави интересите на граѓаните пред партиските интереси, како и дека аргументите не се исцрпени. Ахмети вели дека од утре и во следните денови се продолжува со преговори.
Лидерот на ДУИ посочи дека се стремат кон воспоставуавње на стабилни институции и нормализирање на состојбата во државата која ќе може да одговори на било какви евентуални предизвици.
Претседателот Иванов денес ќе оствари поединечни средби со претставници и претседатели на политичките партии. Иванов оствари средби со претставниците на БЕСА и Алијанса за Албанците.
Од Кабинетот на претседателот информираа дека во 16:00 часот Иванов ќе оствари средба со претседателот на СДСМ Зоран Заев, а во 17:30 часот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, беа поканети и претставници на ДПА.Ахмети подвлече дека тој го нема клучот за формирање на Влада, односно дека клучот е кај претседателот Иванов.
Тој посочи ДУИ ќе ги стави и