Издавачки центар ТРИ со голема чест и задоволство го најавува излегувањето од печат на Билките на баба Рада, официјалниот прирачник на најгледаната македонска емисија посветена на билките и нивната лековита моќ.Огромниот број рецепти и совети што баба Рада и нејзините гости секојдневно им ги пренесуваат на илјадниците телевизиски гледачи отсега добиваат и свое печатено издание кое има за цел да биде доверлив советник во зачувување на здравјето и благосостојбата на луѓето од сите генерации.
Оваа „библија на билките“ детално ги опишува лековитите својства на голем број билки од нашето поднебје и нуди над 250 рецепти чија ефикасност е проверена и докажана од позитивните народни искуства. Наречена алхемичар на нашето време, баба Рада, како вистинска жива енциклопедија за билките, со голема љубов и посветеност работи на својата мисија – да им помогне на луѓето да си го повратат и да си го зачуваат здравјето по природен пат. Прирачникот, кој има обем од 220 страници во боја, ќе се продава по популарна цена од 250 денари, со цел да стигне до сите на кои им е потребен.
Промоцијата на книгата ќе се одржи на 4 јули (петок), од 19 часот, во Книжарница ТРИ во Градскиот трговски центар. Со цел да биде достапна за сите граѓани и за сечиј дом, книгата ќе може да се купи во книжарниците-дистрибутери на Издавачки центар ТРИ низ Македонија. Веруваме дека ова неисцрпно богатство ќе си го најде своето место на полиците во домот на секое семејство.
Објавувањето на овој прирачник претставува настан кој навистина вреди да се сподели и кој веруваме дека ќе биде од исклучително значење за сите.Огромниот број рецепти и совети што баба Рада и нејзините гости секојдневно им ги пренесуваат на илјадниците телевизиски гледачи отсега добиваат и