Книгите ја убиваат: Ова девојка може да умре ако премногу учи

Тинејџерката од Манчестер, Џенифер Лојд (17), боледува од ретка автоимуна болест, поради која стресот може да и предизвика смрт.Џенифер страда од ретко пореметување од кое поради учењето може да умре. Имено, станува збор за Едисонова болест, автоимуно пореметување во кое имунолошкиот систем на организмот поради било каков стрес го напаѓа и уништува здравото ткиво, односно органите во телото.
Стресот за време на учењето е еден од факторите кои предизвикуваат напади кај оваа девојка. Доколку не ја прими терапијата навреме, Џенифер повраќа или се онесвестува.
„Болеста ме измачи. Мајка ми повеќепати ме има најдено како спијам, односно како сум онесвестена над книгата“, рече Џенифер, која неколку од своите испити ги спремала во болницата.
Иако е добар ученик, таа се откажа од одењето на Оксфорд или Кембриџ, бидејќи болеста би можела да ја убие. Таа истакнува дека мора да ги одбегнува непотребните стресни ситуации.
„Поради сето ова, морам да бидам поорганизирана од моите пријатели. Едноставно морам да правам редовни паузи во учењето“, изјави девојката на која болеста и беше откриена кога имала 7 години.Џенифер страда од ретко пореметување од кое поради учењето може да умре. Имено, станува збор за Едисонова болест, автоимуно пореметување во кое иму

Пронајдете не на следниве мрежи: