Книжевен саем за млади и гостување на францускиот театар „Lardenoa“

Францускиот институт во Скопје и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје имаат чест да ве известат дека од 9 до 11 септември ќе се одржи Книжевниот саем за млади, насловен како „Патување на француската книга“.Во рамките манифестацијата ќе гостува францускиот театар „Ларденоа“ во Македонија со „Камион со приказни“, којшто настапува во Македонија како дел од регионална турнеја.
Ве покануваме в четврток, 10 септември 2015 г., во 12 ч., на свеченото отворање на Книжевниот саем за млади „Патување на француската книга“, од страна на д-р Иван Заров, Директор на Националната и универзитетска библитека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, и г-ѓа Изабел Марки-Барбо, Директорка на Францускиот институт во Скопје, а во присуство на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција во Македонија.
 
Во текот на денот се предвидени забавни и педагошки активности наменети за деца и млади до 12 години.
 
Во приложениот документ ќе пронајдете електронска покана за настанот „Патување на француската книга“, брошура од истиот, а целосната програма е достапна и на: https://www.ifs.mk/mk/Home/CultureContent/1375Во рамките манифестацијата ќе гостува францускиот театар „Ларденоа“ во Македонија со „Камион со приказни“,

Пронајдете не на следниве мрежи: