Koвачевски и Пендаровски загубија дури и во своите маала

За тоа колку се неомилени лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и Стево Пендаровски меѓу граѓаните покажуваат податоците од Државната изборна комисија за бројот на гласови што го добија во населбите каде што живеат.

Ковачевски гласаше во избирачкото место 2606 во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Тавталиџе. На тоа гласачко место СДСМ доби 170 гласа, а ВМРО-ДПМНЕ 256.

Слично помина и се уште актуелниот претседател Стево Пендаровски. Во гласачкото место 2489 во населбата Автокоманда тој доби само 95 гласа а Силјановска 372.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.