Коалицијата „Излези да гласаш“ ќе ги набљудува изборите

Коалицијата „Излези да гласаш“ ги информираше сите граѓани и општествени субјекти дека повторно и овие предвремени парламентарни избори ќе го набљудува целиот изборен процес.-Коалицијата излези да гласаш на овие предвремени парламентарни избори ќе се регистрира како официјален набљудувач на изборниот процес. Согласно процедурите и правилникот на ДИК се со цел осигурување на фер и демократски процес во кој секои граѓанин ќе може да го истакне своето демократско право на глас. Излези да гласаш е коалиција составена од околу 100-на невладини организации, а предводена од невладината организација Синергија која е кативна повеќе од 14 години. Ја информираме јавноста дека на официјалната страна на Синергија во текот на идната недела ќе биде објавен повик за волонтери набљудувачи за предвремените парламентарни избори 2016 година, кој ќе биде проследен и до медиумите и до јавноста за и овие избори како и сите претходни да имаме успешен и сеопфатен мониторинг на избирачките места. Воедно на истата веб страна се изложени сите контакти за понатамошните иформации и прашања, изјави Марија Блажевска од коалицијата Излези да гласаш.
Таа напоменува и дека како и до сега, така и овие избори за сите нивни активности ќе бидат информирани демократските преставништва и демократскиот кор, како и сите активни набљудувачи на изборниот процес.
-Како и досега и овој изборен процес ќе функционираме на крајно транспарентен начин и набрзо ќе биде промовирана и наменската канцеларија на коалицијата излези да гласаш каде што ќе може да се има двонасочна комуникација со граѓаните. Исто така ќе функционираме и на официјалната меил адреса за предвремените парламентарни избори 2016 каде што исто така ќе може да комуницираат граѓаните со нас, потенцираше Блажевска.
Од коалицијата очекуваат фер и демократски предизборен и изборен процес, согласно демократските и општествени вредности.-Коалицијата излези да гласаш на овие предвремени парламентарни избори ќе се регистрира како официјален набљудувач на изборниот процес. Согласно пр

Пронајдете не на следниве мрежи: