Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера ја промовираше изборната програма на 500 страници со проекти и конкретни рокови за реализација во наредните четири години.Дел од програмата „Реално 2017-2020, работа, сигурност, напредок“ се проектите за повисоки плати, повисоки пензии, 600 милиони евра за земјоделски субвенции, нови автопатишта, пруги и нови енергетски капацитети, поголема финансиска поддршка за компаниите, како и многу поволности за започнување на бизнис и намалување на невработеноста.
Новата програма како што потенцираше Груевски е детална, сеопфатна со прецизни рокови, со проекти кои ќе обезбедат сигурност, безбедност и нова подобра иднина за Македонија, а ќе реши многу проблеми на граѓаните.
Според програмата, во наредните четири години, како што истакна Груевски, предвиден е раст на македонската економија од 3 до 4,5 отсто, а невработеноста до 2020 година да падне на историски најниски 17-18 проценти, при што е предвидено за четири години да се отворат 70.000 нови работни места
Во програмата за наредниот четиригодишен период е предвидено платите во јавната администрација да се зголемат за 10,25 проценти и тоа по 5 отсто во јануари 2017 година и јануари 2020 година, а исто толку да се зголемат и пензиите и тоа 5 отсто во септември 2018 година и септември 2020 година. Социјалната помош е предвидено да се зголеми за 50 проценти во наредните четири години.
Груевски во програмата најави и зголемување на минималната плата на 14.000 денари до 2020 година, без ризик за отпуштања.
Меѓу проектите кои ги најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се и отварање на истражувачко развојни центри во ТИРЗ зоните или надвор од нив, а сите кои што ќе отворат истражувачки центар ќе добијат бенефиции и финансиска поддршка од државата.
Груевски во предизборната програма најави два нови проекта кои ќе значат заживување на економијата и отварање на нови работни места.
Првиот се однесува на рестартирање на старите пропаднати во транзицијата производствени капацитети при што инвеститорите ќе добијат финансиска поддршка од државата за отварање нови работни места како и финансиска поддршка за реконструкција на погоните, а ќе бидат ослободени и од давачки кон државата.
Вториот голем проект кој што Груевски го најави во предизборната програма се рурални развојни зони, во кои сите кои што ќе инвестираат, односно ќе отворат фабрики во рурални подрачја ќе добијат финансиска стимулација од државата, даночни ослободувања и грантови од 2.000 до 4.000 евра за секој вработен.
Оваа екстра поволност која важи за започнување бизнис во 1.675 села во Македонија и други рурални средини, како што пишува во предизборната програма ќе важи пет години.
Груевски најави дека и во наредниот период ќе продолжат со инвестиции во инфраструктурата при што во предизборната програма е предвидена е изградба на 3 нови автопатишта, шест нови експресни патишта, 60 регионални патишта за што ќе бидат инвестирани 140 милиони евра, како и инвестиција од 30 милиони евра во локални патишта. Само во Скопје, според програмата е предвидено да се изградат нови 3 подземни сообраќајници.
Во програмата се предвидени и инвестиции во железницата, односно набавка на 5 нови возови, три локомотиви, инвестиција од 30 милиони евра, 70 канализациони и водоводни мрежи, 580 станови за социјално загрозените.
Освен продолжување на проектот Купи куќа за млади и во наредните четири, во предизборната програма на коалицијата „За подобра Македонија“ има нов проект наречен “Купи куќа за над 36 години“ со поволности за нов дом за лица над 36-годишна возраст.
Меѓу проектите предвидени во програмата се и веќе промовираниот проект “Од Град во село за нов почеток“ каде граѓаните кои што ќе се вратат во селата ќе добијат големи стимулации и поволности од државата, како и отварање нови рудници, нови енергетски капацитети и завршување на изградбата на примарната гасификација во целата држава до 2020 година.
Во здравството пак, како што и веќе беше претходно најавено во наредниот четиригодишен период во програмата се предвидени инвестиции од 33 милиони евра во набавка на нови 3.700 апарати за болниците, како и изградба на нов клинички центар во Скопје, клиничка болница во Штип и изградба и реконструкција на голем дел од болниците низ државата.
Во програмата предвидени е и изградба на 18 нови училишта, 140 градинки, 78 спортски сали, 3 нови студентски домови.
Груевски порача дека граѓаните на 11 декември ќе гласаат за проектите кои ВМРО ДПМНЕ и во изминатиот период успешно ги реализираше, а со конкретни рокови планира и во наредните четири години, а не за политиките на Зоран Заев кој како што истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ се залага за двојазичност и кантонизација и поделба на Македонија.
Груевски порача дека граѓаните на 11 декември ќе донесат две одлуки, едната за себе и за нивните семејства, а другата за суверена, самостојна унитарна и посилна Македонија.Дел од програмата „Реално 2017-2020, работа, сигурност, напредок“ се проектите за повисоки плати, повисоки пензии, 600 милиони евра за