Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерси, Коби Брајант, ја посети екипата на Милан и уште еднаш повтори за кој фудбалски тим навива.
Инаку, Брајант е навивач и на Барселона, но неговата приврзаност кон Милан е тоа што неговиот татко своевремено настапувал за кошаркарски тим во Италија, па така Брајант го засакал тимот на Милан. Од Милан доби дрес со своето презиме и број 24.
Коби вели дека италијанскиот калчолигаш засекогаш ќе биде во неговото срце.
„Милан засекогаш во моето срце. Во Лос Анџелес имам и дрес и шал од овој тим, ги носам на гостувањата“ вели Коби Брајант.Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерси, Коби Брајант, ја посети екипата на Милан и уште еднаш повтори за кој фудбалски тим