КОБНА ПОНУДА ЗА БРАК: Потскокнала од среќа и се лизнала од карпата

Една туристка паднала од карпа и загинала по славењето откако нејзиното момче ја запросило, пренесе Daily Mail.Димитрина Димитрова (29), претпрела срцев удар кој бил предизвикан од повредите со кои се здобила за време на паѓањето од дваесет метри високата карпа во одморалиштето Кала Тарида на западниот брег на Ибица.
Таа сѐ уште била жива, но била во несвест кога дошла брзата помош. Од полицијата изјавиле дека таа ја загубила рамнотежата кога потскокнала од радост и возбуда при запросувањето.
Овој пар, кој инаку е од Бугарија, во моментот на несреќата се наоѓале на преубаво место кое е познато по прекрасното зајдисонце.
Се верува дека тој го одбрал ова место, само за да ја запроси.
-Таа падна неколку секунди откако нејзиниот партнер ја изненади со запросување, односно кога потскокна од радост, изјавил извор од полицијата.
Несудениот младоженец живее и работи на Ибица, а неговата девојка стигнала неколку дена претходно за да го посети и да побара работа.Димитрина Димитрова (29), претпрела срцев удар кој бил предизвикан од повредите со кои се здобила за време на паѓањето од дваесет метри високата ка

Пронајдете не на следниве мрежи: