Во Кочани активностите за донирање на вода, пелени, конзервирана храна и други помагала за настраданите во поплавите во Скопско, продолжија и денеска.Претседавачот на Советот на општина Кочани Јордан Димитров, информира дека Советот испрати еден шлепер со флаширана вода за населението од настраданите подрачја во скопскиот регион.
Ваквата одлука според Димитров е донесена по состанокот со координаторите на сите советнички групи кои партиципираат во кочанскиот Совет.
Општинската организација на Црвен крст Кочани ги прифаќа сите донации кои ги доставуваат поединци и компании и ги дистрибуира до пунктот на Црвен крст во Скопје.
Секретарката на на Црвен Крст Кочани Анета Коцева, рече дека акцијата продолжува и понатаму и се прифаќа секоја понудена помош од страна на компаниите од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево и истата се доставува до собирниот пункт на Црвениот крст во Скопје.
Компанијата за производство на столици „Ледер“ од Кочани во соработка со Црвениот крст од овој град, денес испорача еден шлепер флаширана минерална вода, а утре ќе ги испорача и првите количини од 250 столици наменети за настраданите од поплавите во Скопско. Оваа компанија е подготвена за испорака на нови количини на столици во настраданите подрачја. Претседавачот на Советот на општина Кочани Јордан Димитров, информира дека Советот испрати еден шлепер со флаширана вода за населението од настрада