Кочани порача: Ние сме против тиранската платформа

Граѓаните на Кочани и вечерва со мирен протест ја поддржаа граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тие се против редефинирање на државата и против секакви делби по етничка основа.На учесниците на протестот им се обрати претседателката на Македонското патриотско здружение „Славчо Абазов“ од Кочани Славица Арсова, која ги изложи определбите на нејзината организација, како и на граѓаните на Кочани кои се против бинационална држава.
– Сакаме унитарна држава. Ја сакаме Македонија таква каква што е, држава во која ќе можеме слободно да живееме, да се образуваме на наш македонски јазик, а не како што е заложбата на СДСМ и на Зоран Заев за воведување на албанскиот јазик како втор службен јазик во државата, рече Арсова.
Таа потенцираше дека остануваат на заложбите да се сочува унитарноста на државата, а се против тиранската платформа која, како што рече, нуди распарчување на земјата.
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и утре ќе одржи протестен марш низ улиците на Кочани.На учесниците на протестот им се обрати претседателката на Македонското патриотско здружение „Славчо Абазов“ од Кочани Славица Арсова,

Пронајдете не на следниве мрежи: