– Платформата од Тирана, кога се чита, изгледа дека е безболна, но проблемите или ѓаволот е во детаљите. Како резултат е фактичкото зголемување или проширување на ,,албанскиот елемент“, односно овој елемент да се прошири низ целата држава Република Македонија, изјави за Програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија, Др.Хералд Кочи- поранешен амбасадор на Австрија во Македонија и политички аналитичар Кочи додава дека „бинационална држава е таква да ги потиснува другите малцинства или националности“. Познавачот на приликите на Балканот и во Македонија за и околу ставот за нови избори во Македонија во пакет со локалните за излез од кризата во Македонија, вели:
„Зошто да се одржат нови избори, кога имаме резултати од овие избори. Тука едноставно треба да им се дозволи на партиите да работат и натаму. 2008 година кога ВМРО-ДПМНЕ со своите поранешни политички партнери, односно со ДПА сакаше да формира влада, тогаш едноставно ВМРО-ДПМНЕ беше спречена да направи таква влада од страна на овие „полугувернери“ што се тука едноставно се земапе тезата дека најсилните партии би морале да имат коалиција, а тоа значи тогаш беше ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а сега пак тој принцип не може да важи, оценува Кочи и додава:
„Фактички се работи за тоа што Западот сака да ја симне од пиедесталот владата на Груевски, бидејќи Груевски не сака да танцува по тактот на музиката на Западот туку постапува самостојно според интересите на својата земја“.
Кочи додава дека „истовремено Груевски и неговата Влада даваат отпор на грчкото условување за промена на државното име, со што се одовлекува зачленувањето на Македонија во НАТО и воедно не може да се затвори јужното крило комплетно“.
Запрашан за упорноста на имплементирање на Тиранската платформа во Македонија од страна на на лидерот на СДСМ , Зоран Заев , амбасадорот Кочи со одговор:
„Сметам дека е неодговорно тоа што СДСМ, и нејзиниот лидер Заев сега впиваат точки во својот коалициски пакт-договор, кои во крајна последица би можеле да водат Република Македонија до тотално редифинирање на државата – ако не и до нејзино исчезнување од картата на светот“
Со тоа партиското раководство ги измамува сопствените избирачи, бидејќи ваква далекусежна замисла мора да се објави пред изборите,а не пост изборно! Само тогаш избирачите ќе можат слободно да одлучат, дали застануваат со својот глас зад ваквите цели. Но, вака избирачите купиле мачка во вреќа. Можам да си замислам дека мнозина избирачи на СДСМ ќе гласале поинаку, доколку претходно знаеле за Тиранската платформа и ваквиот коалициски договор. Во својата желба да дојде до крмата на моќта и откако пропаднаа обидите за пуч минатата година – господинот Заев ја продава својата душа на ѓаволот, како што би кажале ние во Австрија,истакнува Кочи.
И на крајот запрашан околу Пописот во Македонија и кој се плаши од него, амбасадорот Кочи со анализа:
-Моите пријатели, кои како меѓународни набљудувачи го следеа Пописот, во 2004 ми говореа за, наеднаш расцветаните албански села во “планините“, кои децении по ред беа запустени,а долгогодишната обработка на резултатите пред нивното објавување укажува на околноста, дека бројките се подесуваат.Ќе си дозволам да го наречам Пописот во Македонија 2004 беше попис ,,А ла Потемкин“. Денес се знае од документацијата на социјалните служби и од протечените информации за издавањето лични документи, дека вистинскиот број на Албанците во Македонија изнесува околу 15 проценти, изјави во екслузивното интервју за Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ на Радио Слободан Македонија, Харалд Кочи, поранешен амбасадор на Австрија во Македонија и политички аналитичар.Кочи додава дека „бинационална држава е таква да ги потиснува другите малцинства или националности“. Познавачот на приликите на Б