-Европската комисија нема да му честита на победникот на предвремените парламентарни избори во Република Македонија, туку тоа ќе го стори откако ќе биде избрана новата влада и премиер – изјави денеска портпаролката на неформалната Влада на Европската унија, Маја Коцијанчич.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, гласноговорничката на Европската комисија денеска не сакаше во име на Брисел да испрати честитка на ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија на изборите, а притоа се повика и на веќе дадената изјава на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, дадена на 12 овој месец.
– Ве молам, имајте предвид дека честитките традиционално се испраќаат кога ќе бидат избрани владата и премиерот – посочи портпаролката на ЕК, Коцијанчич во изјава за МИА.
Во исто време, таа, во име на Европската комисија, го повтори соопштението на Могерини и Хан, издадено ден по изборите што се одржаа на 11 декември, а во кое тие потврдуваат дека изборите во Македонија „се одржале на мирен и уреден начин“ како клучен елемент од Договоро од Пржино.
-Изборите и нудат клучна можност на земјата да го обнови демократскиот, констурктивен дијалог за надминување на долготрајната политичка криза и обединување зад заедничката цел на евроатлантската интеграција. Политичките партии треба да делуваат на инклузивен начин, вклучително и активна парламентарна опозиција и динамично граѓанско општество. Со нетрпение очекуваме брзо формирање на новиот парламент и на новата влада, како и на имплементирање на реформите за решавање на системското владеење на правото- порачаа Могерини и Хан во соопштение пред две недели.
Исто така, водечката двојка на ЕУ задолжена за Западниот балкан, во заедничката рекација на македонските избори потенцираа дека „владата и опозицијата треба да продолжат со целосна имплементација на претходните политички договори, вклучително и поддршка на работата на Специјалниот обвинител.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, гласноговорничката на Европската комисија денеска не сакаше во име на Брисел да испрати честитка на ВМ