Кочо Анѓушев и компанијата Фероинвест – шампиони во Југоисточна Европа за 2014 година

Кочо Анѓушев и компанијата Фероинвест се избрани за најменаџер и најкомпанија на годината од Југоисточна Европа.На традиционалниот 30-ти избор што се одржа на 3 јули во Сараево организиран од страна на Агенцијата за избор на најдобар менаџер и компанија за Југоисточна и Средна Европа, македонската компанија Фероинвест е прогласена за супер бизнис шампион. Анѓушев беше избран за најдобар менаџер со уште 20-тина истакнати бизнисмени од регионот.
„Овој тип на награди покажуваат дека јас и компаниите во склоп на Групацијата Фероинвест одат во вистински правец во својот развој. За една деценија успеавме да се позициниораме на пазарот во Македонија, но и пошироко како компанија што зад себе има големо портфолио на клиенти и нуди висок степен на квалитет на своите производи и услуги. Македонската групација Фероинвест е позиционирана како силна компанија во регионот и тоа е уште еден показател дека македонските компании со себе имаат висок степен на квалитет и професионалност“, изјави Кочо Анѓушев.
Во склоп на Фероинвест групација се компаниите Брако, ЕДС, Аквават, Mали хидроелектрани, Еnergy Maintenance Solutions. Брако е една од најголемите извозно ориентирани компании во Македонија и лидер во производство на жичани производи. ЕДС е македонска компанија што се понуди вистински избор на либерализираниот пазар на струја, каде има најголема балансна група и за свои клиенти ги има најдобрите македонски компании. Малите хидроелектрани со своите 19 – ти проекти коишто за првпат беа изведени од страна на групацијата Фероинвест ја проставуваат компанијата како лидер за производство на енергија од обновливи извори. За потребите на дизјанирање и комплетно изведување на малите хидроелектрани е поставена компанијата Аквават, а компанијата Еnergy Maintenance Solutions е задолжена за одржување на хидроелектраните. Фероинвест со своите компании и околу 600 вработени е најбрзо растечка групација во Македонија.На традиционалниот 30-ти избор што се одржа на 3 јули во Сараево организиран од страна на Агенцијата за избор на најдобар менаџер и компанија за Ју

Пронајдете не на следниве мрежи: