Кочо Анѓушев си искеширал фалење во Плусинфо

Порталот на главниот медиумски стратег на СДСМ, „Плусинфо“ на Бранко Героски не може да престане да го фали новиот министер без ресор Кочо Анѓушев.Уште пред изборот на Анѓушев во Владата на Заев се шпекулираше дека бизнисменот буквално си го платил вицепремиерското место со финансиска помош на СДСМ која се брои во милиони. Останува отворено прашањето колку сега Анѓушев си го искеширал фалењето на порталот на Героски?, пишува порталот Журнал.
„Зошто Кочо Анѓушев е успешен бизнисмен?“, „Филозофијата на Кочо Аnѓушев во создавање на успешен бизнис“ се само два од текстовите објавени на Плусинфо во кои до бескрај се величи бизнисменоt за кои самите сдсмовски медиуми пред неговиот иззбор пишуваа дека не бил чист.
Имено, „Либертас“ објави дека Анѓушев бил дел од аферата за незаконско учество на неговата компанија ЕФТ – Македонија со три други компании, кои се здружија со цел диктирање на високи увозни цени за електрична енергија. Антимонополската комисија пред пет години поднесе прекршочна пријави поради ова, но нема информации дали овој случај е затворен.
Претходно, синдикатите на СДСМ беа против изборот на бизнисменот Анѓушев.
-Ако на СДСМ воопшто му значи нешто социјалдемократската идеологија која наводно ја застапува, во најмала рака треба да бара решенија на линија на социјалното партнерство и да се држи неутрално во однос на социјалниот судир помеѓу трудот и капиталот. А ако одбира страна, тоа да биде страната на трудот, а не на капиталот. Ако СДСМ инсистира вицепремиер за економска политика да биде претставник на крупниот капитал, тогаш треба да делегира вицепремиерска позиција и за претставниците на трудот, за синдикатите. Или, барем, синдикатите да го добијат Министерството за труд и социјална политика. За да има директен линк помеѓу работниците и новата влада, исто онака како што претставниците на капиталот бараат директен линк помеѓу бизнис заедницата и новата влада – вели Здравко Савески од Левица.
Ова е став на 13 синдикални организации кои важат за блиски до СДСМ, односно организации кои во интерес и по барање на СДС во изминатиот период протестираа на улиците низ Скопје, како УПОЗ, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Самостојниот синдикат на новинарите, Солидарност, Ленка, Синдикатот на културата, Агро синдикат.
Се коментираше и можноста Анѓушев да ја искористи позицијата вицепремиер за свој личен интерес, по што е познат со својата дејност во трговијата на енергетскиот пазар?! Дали евентуалното доаѓање на Анѓушев на вицепремиерска позиција ќе значи и пораст на цената на струјата, што би значело и поголем профит за него?!
 Уште пред изборот на Анѓушев во Владата на Заев се шпекулираше дека бизнисменот буквално си го платил вицепремиерското место со финансиск

Пронајдете не на следниве мрежи: