На Зоран Заев и политичарите на СДСМ од неговиот криминален ков не им е местото во Велес. Велешани најмногу пропатија од деструктивната политика на СДСМ. Лагите и пустошот што зад себе го оставија во нивното 20 годишното владеење повеќе не поминуваат во нашиот град, истакна на денешната прес конференција Ѓорѓи Коџабашиев од ОК Велес.во продолжение интерален текст од прес конференцијата на Коџабашиев
Срамно е аболицираниот Зоран Заев кој денес живее во повеќемилионски луксуз, да говори за сиромашен и опустошен Велес.
Кога СДСМ беше на власт Велес од град на индустријата стана град на невработеноста и сиромаштијата. СДСМ ги распарчи најголемите фабрики во градот и остави илјадници наши сограѓани без работа. Рекордни 16.912 невработени лица остави СДСМ во Велес.
Народот се сеќава како СДСМ ја пропадна фабриката Порцеланка и ги тепаше работниците само затоа што си ги бараа сопствените плати. Народот се сеќава и на уништувањето на фабриките Свилара, Брако, Графичар, ВелесПром, Интернационал, Транс Велес, ХИВ, ГП Бетон, ГП Пелагонија и ГП Младост.
Паметат Велешани дека кога бизнис кланот на Заеви влезе во фабриката Киро Ќучук го запреа производството и со години се поигруваа со судбината на вработените.
За разлика од времето на СДСМ, денес граѓаните гледаат дека тоа што беше уништувано се враќа во живот. Фабриките кои СДСМ ги затвори добиваат нови инвестиции и се рестартираат. Велес економски се опоравува и почнува да чекори напред.
-За првпат по 20 години се отвори нова фабрика во нашиот град – фабриката на германски Маркард во индустриската зона Караслари;
-Индиската групација БРГ инвестира во фабриката Порцеланка за нејзино рестартирање и вработување на 1.000 луѓе;
-Компанијата Еуро Брик инвестира во „Киро Ќучук“ за рестартирање на фабриката и обезбедување работа за 150 наши сограѓани;
-Новата инвестиција на STS Textiles за рестартирање на фабриката Нонча Камишова, односно Свилара, и вработување на уште 1.000 наши сограѓани;
Како и останатите домашни и странски компании кои купија плацови во индустриските зони и вложуваат во Велес и велешко.
Велес е патриотски град. Во Велес, Заев и луѓе како него кои заговараат федерализација, двојазичност на цела држава, пазарење за промена на уставното име не се пожелни.
Велешани референдумски ќе се спротистават на деструктивната политика на СДСМ и обидот да се разнебити Република Македонија.Народот е против федерализацијата која ја заговара Заев. Граѓаните ќе се кренат и тоа во огромен број против хулиганите кои ги понижија илинденците, асномците, децата бегалци и се она што е дел од нашата историја.
Иднината на Велес и на неговите граѓани не се Зоран Заев и СДСМ. Иднината на Велес не е концептот на растурање на државата и економијата, туку успешните проекти кои се реализираат и кои градот го носат напред.Нашите сограѓани знаат да препознаат кој колку вреди и кој работи за нивно добро, знаат да направат разлика и го знаат вистинскиот лик на нашите политичари.
Тоа е разликата која граѓаните ќе ја препознаат и ќе ја потврдат на 11 декември. Продолжуваме да работиме во интерес на нашиот народ. Тоа е нашата вредност, и тоа е наша обврска. Време е за крај на кризата!во продолжение интерален текст од прес конференцијата на Коџабашиев
Срамно е аболицираниот Зоран Заев кој денес живее во повеќемилионски лу