Според истражувањата на Светска банка, најдоброто место за бизнис е Сингапур. На дното на листата како најлошо место за водење бизнис е Чад, додека на прво место е Сингапур, стои во извештајот на Светска банка објавен во Вашингтон.
Рангирањето на Светската банка „Дуинг бизнис“ ја анализира рамката, која ја налагаат регулативите за бизнисот на малите и средни претпријатија во 189 земји.
Експертите на Светската банка ги оценуваат најмногу условите, во кои тие можат да ја започнат дејноста, за да имаат пристап до кредити и да плаќаат даноци.
Врз основа на резултатите, добиени од 10.000 бизнисмени, институцијата прави рангирање кое и оваа година го стави Сингапур на врвот, лидер од 2007 година. По него следуваат Хонгконг, Нов Зеланд, САД и Данска.
На листата од 10-те најдобри економии со најдобри регулативи за водење бизнис се и Малезија, Јужна Кореја, Грузија, Норвешка и Обединетото Кралство.На дното на листата како најлошо место за водење бизнис е Чад, додека на прво место е Сингапур, стои во извештајот на Светска банка објавен во Ваши