Кога била дeвојче била обрежана: Имав секс само еднаш и беше страшно

Марија Каримиџи одлучила да проговори за најлошото сакатење на интимата низ кое може да помине една жена. Таа открила како во Пакистан ретрпела обрежување на клиторисот и на кој начин тој чин и го уништил животот. Ова е нејзината исповед.Кога бев помала некој принесе нож кон мојот клиторис и отсече мал но значаен дел од мене. Беше јули 2010 година во Вашингтон, кога за прв пат имав секс и не помина добро. Имав 22 години, а момчето со кое бев година дена беше подготвен да ме чека.
Тој беше искрен, трпелив и прекрасен, а знаев дека бил со девојки и претходно, а јас бев бесна на себе. Бесна бидејќи толку се плашев од секс и се стегав штом тргаше со раката надолу. Тогаш одлучив да се согласам на секс. Читав за тоа на интернет, под туш ги вежбав звуците на задоволство и на крај му реков дека ќе имаме секс до кракот на летото, ма колку и да ме боли.
Таа ноќ испив половина шише вино додека тој ме набљудување двоумејќи се. Се бакнувавме 45 минути, а потоа ме пренесе од каучот на креветот. Ги затворив очите и се обидов да дишам длабоко. На 3…2…1. По неколку минути, технички имавме секс. Почувствував болка која ја чувствував и во вилицата. Внатрешноста како да ми беше лупена со шмиргла. По неколку движења, излезе од мене а не заврши. Ме бакна во чело и отиде во тоалет.
Кога имав седум години и живеев во Пакистан мајка ми ме одведе кај доктор и го праша дали е време да „ми ја ја тргнат бубачката“. По операцијата два дена носев пелена за возрасни, а мокрењето беше толку болно што трпев со часови.

Кога се преселив во Америка ми беше драго , знаев дека никогаш нема да се вклопам. Во 2004 година гледајќи во учебникот по анатомија сфатив дека она на фотографиите не се вклопува со она што јас го имам меѓу нозете и дека ми е сторено нешто ужасно. Не можев да престанам да зборувам со мајка ми. Таа ми го стори тоа. Кога се соочив со нејзе ми рече дека и таа поминала низ тоа и дека тоа е така за сите Бора девојки. Отидов на факултет, преку ѕидовите ги слушав студентите како имаат секс, а бев невина. Се до оној ден во Вашингтон. Се отуѓивме.

Деновите како да ми се обоени со црвена боја. Во некои денови потполно ја губам верата. Ја прашав сопругата на еден пакистански религиски водич што мисли за женското обрежување и таа излезе од собата, додека нејзиниот поглед ме молеше да го повлечам прашањето. Подоцна тој ден и кажала на баба ми да ме омажат што поскоро. И реков на баба ми дека обрежувањето на гениталиите ми го уништи животот. Таа тивко кимна со главата и рече дека и нејзе и го уништиле животот.
Не знам дали повторно ќе имам секс, дали некој ќе ме сака доволно за да помине повторно низ тоа.Кога бев помала некој принесе нож кон мојот клиторис и отсече мал но значаен дел од мене. Беше јули 2010 година во Вашингтон, кога за прв пат имав

Пронајдете не на следниве мрежи: