Навистина било точно дека кој овде нема да полуди, е ненормален. Дијагнозава важи за сите што спаѓаат во категоријата обичен и нормален свет со способност да промислува и проценува, да логицира и размислува. А не важи за оние кои се родиле луди или полуделе по сопствен избор и од ним познати причини. Ни потврди Црпко со својот проект за билингвална Македонија. Вели дека тој со сите ризици што ги презел, решил да ја детабуизира Македонија. Уште вели дека сега му била мајката да дефинираме каква земја ќе градиме за во иднина. Само тој и неговиот жрец-толкувач или преведувач Геро „мислат“ дека тоа што е опасно глупаво, е храбро и мудро визионерство.По оваа дефиниција јасно се гледа дека Зоран Заев е припадник или обожавател на ИСИЛ. ИСИЛ, по оваа логика денес е најголемиот детабуизатор на Блискиот и Средниот исток, но и во Северна Африка. И овој платенички и фанатизиран конгломерат мисли дека баш сега му е мајката да ги редизајнира серијата држави кои ги нападна. Од црпковата почетна замисла до реализацијата на ветувањето дека ќе јадел живи луѓе (еквивалент на јавното сечење глави) с` се вклопува како интегрален дел од визијата на ИСИЛ за евроатлански интеграции. Односно, на целите на американскиот неоколонијализам за генерален редизајн на постојните држави што ги пикираат за своја сопственост.
А од каде да почне човек и дали воопшто вреди на вакви ад хок ,,реформатори“ да им се објаснува тродимензионално нешто што тие го гледаат во една димензија?! Ама ајде да пробам уште еднаш. Што е најголемото табу во Македонија? Сите знаеме дека тоа е името. Што се бара од нас од моментот на прогласената независност? Да го смениме. Не само името на земјата, туку и името на мнозинскиот народ и името на неговиот јазик и нормално, неговата култура, неговата историја. С` оди во пакет и завршува со самоукинување или пребришување на сопствената идентитетна картица.
Kога почна детабуизацијата? Почна со промена на Уставот и бришење на македонските малцинства во околните држави и откажувањето на РМ да се грижи за нивната македонска самосвест од доменот на универзалните човекови права. Продолжи со Привремената спогодба и прифаќањето на разговорите за разликите за името по американски диктат, да се претворат во суштински преговори за пакет кој најдрско и вулгарно означува ултиматум за колективно самоубиство. Или тотална детабуизација. Бранко Геровски, кој храбро и мудро се испрчи како гласноговорник на најмонструозниот фашистички проект во 2001 година наречен војна на УЧK/ОНА за човекови права (а изворно, според соопштенијата борба за ослободување на албански територии од славомакедонска окупација) отворено преку страниците на „Дневник“ далеку пред Рамковниот договор, бараше детабуизација на уставната преамбула. Онаа истата која ја објаснуваше суштината на настанокот на македонската држава. Онаа истата со која т.н. европска или Бадентерова комисија за евалвација на новонастанатите држави од распадот на СФРЈ заклучи дека само Македонија и Словенија ги исполнуваат сите услови за меѓународно признавање како држави. Меѓу другото и зашто немаат за давање наоколу, односно, дека имаат чиста ситуација на реален терен.
Е сега, зошто Геро туку така реши да ја истабуизира преамбулата, и ден денешен е табу за јавноста. Бидејќи е општо познато дека работи по нарачка и во еуфорија, бидејќи лесно паѓа пред странски ,,авторитети“ и умее да ги романтизира и идеализира во миг и најголемите очебијни срања. Гледајќи се себе како важен историски фактор, и затоа што извршува без да прашува, нему ни ден-денешен очигледно не му е јасно дека ,,неговиот“ предлог во изминативе 15 години произведе не решение туку нов фиктивен главен проблем на РМ кој, ете, тој и Црпко ќе го решеле храбро и мудро токму сега. Што има лошо во тоа? Прашува тој и веднаш резолутно одговара. Ништо. Нормално, ненормално за штрапани. Зошто Македонија треба да стане двојазична? Врз основа на која аргументација? Врз основа на рамковната со измислен процент на присутност? Врз основа на НАТО-окупација? Врз основа на територијалната поделба скоцкана по воената линија на разграничување повлечена со супервизија на НАТО во време кога траеја преговорите во Охрид и прогласено примирие кое УЧK со благослов на НАТО го кршеше? Зошто пописот од 2002 година остана оспорена и неверодостојна операција која одби да ја верифицира претседателот на државната комисија, Зоран Kрстевски? И зошто мораше да се прекине следниот по само три дена? Зошто Хавиер Солана, еден од ,,олеснувачите“, а всушност силувачите на Македонија отворено побара резултатите да се наштимуваат така за Албанците да не бидат под 20 отсто? А оваа негова изјава остана табу за македонската јавност, иако спаѓа во екстремно мафијашките и фашистички практики. Kако што е ново табу и се она што е сврзано со фамозното прочистување на избирачкиот список од кој волшебно исчезнаа 190.000 т.н. албански фантоми или попознати контингенти гласачи кои своевремено ги обелодени Андреј Жерновски. Што табу ќе да беше за извесната БЕСА јавно да плаче за 30.000 гласачи кои дополнително, со секакви чудесни методологии, ДИK мораше да ги отстрани од генералниот избирачки список. Со такви реални проблеми се соочува Македонија благодарение на вакви црпковци и геровци и нив отворено, храбро и мудро ќе треба да ги разрешат идните македонски самосвесни и одговорни политички генерации. Оти почвата веќе е опасно загадена со секакви отрови. Бидејќи и Црпко Заев смета дека допрва сме требале да дефинираме во каква држава ќе сме живееле, а таа да личела на оние од ЕУ, ајде да го прашам ќе му држи ли бабулето оваа своја голема идеја да ја стави на референдум, па да дознае на српски ,,пошто боранија у пролеќе“. Kога веќе не разбира македонски. Зошто во балтичките држави крај онаква европеизација нема вакви проблесоци на детабуизација, а со неоспорено пребројано 40 отстотно до 50 отстотно руско население? Напротив, таму на олкаво население им се укинати и основните демократски и човекови права? Зошто таква операција не изведе Франција, Германија, Шпанија или Грција, Бугарија и Албанија? Зошто треба Македонија да биде билингвална заради Албанците на цела територија дури и онаму каде ги нема физички, а не за Ромите кои без исклучок се присутни на територијата на цела Македонија? Вклучително и во Струмица? Знае ли некој од овие луди визионери како се доаѓа до добро и трајно решение за вакви темелни трансформации? Тоа не е операција како кому ќе му прдне. Знаат ли ваквите каков ќе биде одговорот на мнозинскиот македонски народ кој патем имаше јасно дефинирана држава која правно ни ЕУ ни ООН не ја оспоруваше? А стана спорна по една хибридна мафијашки дизајнирана фингерајка во 2001 година во која учествуваше квислиншкиот СДСМ! Сигурни ли се во своето ,,огромно“ членство? Со што и како ќе ги убедуваат и тие да прифатат вакво решение? Зошто во предлогов нема објаснување зашто побогу мнозинството жители на Македонија да се асимилираат јазично, а Албанците да бидат признаени како асимилатори кои и воено и политички и јазично и историски го владеат македонскиот државен терен. Јужна Африка ли од времето на Јан Смит ќе ја градиме како своја европска иднина? Доброволно и мирно? Македонците мирно ли ќе се преобразат во африкански неоколонијални робови? Трансформации со ваква магнитуда ако се реални и во склад со времето, потребите на општеството согледани автохтоно, се прават етапно, со политичка промена на мнозинското расположение, а тоа пак се менува по природен еволуирачки пат, како одговор на реалноста или озаконување на реална и фактичка состојба во која спаѓаат и потребите и пресметките и напредокот на заедничкиот живот, меѓусебното сврзување, хармонизирање на секојдневието, заедничките интереси. Насилно ли ќе ги прави Зајко овие свои реформи? ЧАДОРОТ МУ СПРЕМИ ЛИ „ТОЈОТИ“ – ПИKАПЧИЊА И ОРУЖЈЕ? Дека му се борците? Заврши ли тренингот на ЦИА?
Богами, јас не знам какви зделки склучил Црпко со своите партнери и странските Чадори на сметка на Македонците, за да изведува вакви тумбања пред избори, само некако сум убедена дека срања од овој калибар горе–доле нормален човек шаржерски ги исфрла од незадржлива нужда и во тежок очај. Kако, на пример, пензионираниот генерал и бивш шеф на американската дипломатија, Kолин Пауел. Тој оставаше впечаток на спастрен, рационален и пристоен човек. Значи сосема спротивно на впечатокот што го остава Зоран Заев. Но, со само една реченица, го потврди она што до денешен ден НАТО и Вашингтон се трудат да го табуизираат, а тоа е дека дотичниот Пауел е всушност активен учесник во најголемиот воен злостор извршен врз човештвото, а тоа е воената агресија врз Ирак. Онаа истата која славниот милитарист Геро во транс ја опеваше во своите колумни во „Дневник“. Знаете кога се гордееше дека ,,шоулдер ту шоулдер“ со Американците сме вмарширале во Ирак. Значи, Kолин Пауел искоментира дека Доналд Трамп бил најголемото национално обесчестување на Америка. Што е прашање на критериуми, односно вредносни системи. По оној на нормалното и цивилизирано ем ментално здраво човештво, Kолин Пауел реално ја обесчести американската нација. § натовари на грб историска одговорност за злостори против човештвото. Kако и Хитлер на Германците. Лично тој во ООН мавташе со епрувета и некаков бел прашок како доказ дека е нужна воена инвазија за спас на населението од биолошки напади на домашната диктатура. Денес и Вашингтон и Лондон и Брисел се прават на црпнати. Биле излажани од нивните служби, а тие невини ко цицалчиња. Бришат, пишат, преправаат, кријат, убиваат с` во името на табуизирањето на вистината. Но нема амнестија за никој од нив. Вечно.По оваа дефиниција јасно се гледа дека Зоран Заев е припадник или обожавател на ИСИЛ. ИСИЛ, по оваа логика денес е најголемиот детабуизатор на Блис