Кога дете ќе роди дете: Вистинити приказни за најмладите мајки во светот – 2 дел

Пубертетот е процес во кој детското тело се развива и станува способно за репродукција, а кај девојчињата тоа обично почнува од 11-годишна возраст. Главно обележје за созревањето е менструацијата, развивањето на пубичните влакна и градите. Овој процес обично завршува во 17. година од животот. Сепак, постојат записи за одредни случаи каде девојчиња помлади од девет години раѓале деца. Ова е втор дел од приказните.4. „Х“ од Индија. Родила на 6 години и 7 месеци.
Девојчето од Индија, именувано како „Х“, родило со царски рез на 7 јуни, 1932 година во Делхи. Девојчето беше доведено во болницата бидејќи се жалело на болки во абдоменот, а сите се шокирале кога откриле дека болката е предизвикана од бременост. Она што допринесе кон тоа нејзиниот случај да биде уште почуден е тоа што таа никогаш немала менструација и градите се` уште не и биле развиени. Без оглед на се`, таа родила здраво бебе и дури можела да дои во наредните 9 месеци.
5. Јелисавета Гришченко од СССР. Родила на 6 години.
Во 1930 година, Јелисавета од тогашната Советска унија беше доведена во болница бидејќи стомакот и растел од непознати причини. После беше утврдено дека Јелисавета забременила бидејќи ја силувал нејзиниот 69-годишен дедо.
Неколку дена по нејзиниот шести роденден, таа родила девојче. За жал, бебето не преживеало, бидејќи родителите на Јелисавета инсистирале таа природно да се породи.

 

6. Лина Медина Тикарпо од Перу. Родила на 5 години и 7 месеци.
Лина Медина од Перу била доведена во болница кога имала пет години, поради тоа што стомакот и станувал поголем, а родителите се сомневале дека таа има тумор. Сите биле шокирани кога откриле дека таа се наоѓа во седмиот месец од бременоста. Нејзиниот татко бил обвинет за силување, но беше пуштен поради недостаток на докази. Дури ни Лина не знаела како забременила.
Во мај, 1939 година, Лина со царски рез го роди момчето Херардо. Детето растело мислејќи дека Лина му е сестра, но подоцна открил дека таа сепак му е мајка. Без оглед на се`, двајцата продолжија еден кон друг да се однесуваат како да се брат и сестра. Лина потоа го завршила школувањето и работела како секретарка, а Херардо починал во 40. година од својот живот. На крајот беше откриено дека забременила бидејќи била силувана од ментално заостанатиот полубрат.4. „Х“ од Индија. Родила на 6 години и 7 месеци.
Девојчето од Индија, именувано како „Х“, родило с

Пронајдете не на следниве мрежи: