Кога девојката ќе реши да се одмазди

Приказната е страшна, но и ужасно забавна. Се бара неверникот …
Кога девојката ќе биде повредена, подготвена е да направи план со цел да му се одмазди на нејзиното момче, на таков начин, што ќе се подзамисли два пати, пред повторно да се одлучи на неверство.  Еве еден таков пример на изневерена девојка, која на мудар начин му се одмаздила на нејзиното неверно момче.
“Кога дознав дека Горан ме изневерува со две девојки истовремено, им се јавив на двете и им ја објаснив целата ситуација. Девојките, се разбира, полудеа исто како и јас кога дознав. Одлучивме да му вратиме, па бевме во една фотокопирница и направивме одмазднички постери со негова слика. Цел ден го поминавме надвор размислувајки дали да ги залепиме или не.
Потоа, отидовме заедно во куќата на Горан и заѕвонивме на вратата. Неповторливо! Изразот на лицето кога не виде сите три заедно беше одмазда за каква што можевме само да сонуваме. Заедничката посета ни беше совршена одмазда. Се разбира дека ниедна од нас веќе нема никаква врска со него, а сите кои ги знаеме ги запознавме со ситуацијата, па не гледаат позитивно на неговото однесување. ”
Одмаздата е слатка!
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Приказната е страшна, но и ужасно забавна. Се бара неверникот …

Пронајдете не на следниве мрежи: