Кога дознала дека ќерка и има рак, направила нешто неверојатно…

Ема Витфилд е мајка на која и се случила голема трагедија. Имено на нејзината 8-годишна ќерка и е откриен тумор, а помалку од една одина подоцна девојчето починало. Кога дознала дека и преостануваат уште неколку месеци од животот, Ема решила на ќерка си да и состави листа на желби кои ќе ги исполни пред смртта. Поради тоа што не сакала малата Ева да дознае дека ќе почине, ја прашувала што би сакала да прави кога би била кралица, и во тајност и ги остварувала желбите, една по една. Ева посакала да ги запознае членовите на бендот „One direction“, да го посети Леголенд и да добие куче. Кога починала во јануари оваа година, нејзината мајка Ема решила да основа неколку добротворни организации за помош на децата како Ева.
– Мојата ќерка почина, но остварувањето на сите нејзини желби, ме направи среќна. Не сакав да знае дека е многу болна и дека ќе почине – вели мајката.

Ема дознала дека ќерка и има тумор, кога минатата година се онесвестила додека била во училиште. Лекарите на магнетната резонанса и откриле голем магнетен тумор на мозокот на Ева кој не можел да се оперира, а на девојчето му останале само неколку месеци живот. Ема и нејзиниот сопруг решиле да не и кажуваат на емотивната Ева дека е многу болна, бидејќи би се преплашила. Само и објасниле дека лекарите ќе се потрудат таа да се чувствува подобро, а таа била задоволна со таквиот одговор.
– Бев пресреќна кога Ева со ведрина ми ги кажуваше нејзините желби и какви идеи и паѓаа на памет. Сакаше да го прослави роденденот на лизгалиште, да го посети Дизниленд и Леголенд, да оди во Зоолошка градина, да ги посети продавниците за играчки, да добие куче и зајак, како и да го запознае омилениот бенд „One direction“- вели Ема.

 

Ема дала отказ на работа и се посветила на остварување на желбите на својата ќерка. Најпрво успеала нејзиниот омилен бенд „One direction“ да и посака брзо оздравување, а сето тоа го снимиле и и го испратиле на DVD. – Не можеа да дојдат бидејќи беа на турнеа, но снимиа видео порака и и ја испратија. Не можеше да верува, ја прегледа 500 пати. Беше воодушевена што знаеа која е таа и како се вика.
Еден ден пред нејзиниот деветти роденден, Ева добила и куче Луси, а утредента го прославила роденденот на лизгалиште. Потоа дедо и и платил патување до Дизниленд во Парис, а еден месец подоцна го посетила и Леголенд.
Иако била исцрпена од терапијата, Ева не сакала да изостане од училиште, особено не сакала да заостане на нејзиниот омилен предмет – математика. Мајка и вели дека немала срце да и го забрани тоа, бидејчи многу сакала да оди во училиште.
Ева починала дома, држејќи ја својта мајка за рака. Ема потоа основала добротворна организација „Желбите на Ева“ со која им помага на тешко болните деца да им се остварат последните желби.Ева посакала да ги запознае членовите на бендот „One direction“, да го посети Леголенд и да добие куче. Кога починала во јануари оваа г

Пронајдете не на следниве мрежи: