Кастрацијата е рутински зафат кој би ви го препорачал секој стручњак.
Љубителите на мачките треба да знаат дека најдобар период за нивна кастрација е возраста од четири до шест месеци, затоа што тогаш вашето милениче се уште не е сексуално зрело. Секако дека овој зафат може да се направи и подоцна.
После интервенцијата, мачето ќе биде повеќе поврзано со вас, нема да обележува територија со мирисот на урината, ниту пак ќе бега од дома за да се пари.
Некои сопственици на домашни животни се противат на кастрација затоа што мислат дека не е природно ни хумано. Но,треба да се знае дека овој зафат не штети на мачките ниту на било кое друго животно, бидејќи тоа ќе живее поздраво и подолго од оние животни кои се репродуктивно активни.Кастрацијата е рутински зафат кој би ви го препорачал секој стручњак.