Кога е темната чоколада штетна?

Темната чоколада, поради состојките кои се корисни за здравјето секогаш се препорачува за консумација пред млечната чоколада, дури и на дневна база.Но, експертите предупредуваат да се обрне внимание на количината која се внесува бидејќи тогаш и таа станува штетна, пишува CNN. 
Темната чоколада е богата со какао кој има висок процент на флавоноиди и антиоксиданси кои ја спречуваат оксидацијата на холестеролот и со тоа ги штитат крвните садови, го намалуваат крвниот притисок, ја подобруваат когнитивната способност и веројатно го намалуваат ризикот од дијабетес.
Млечната чоколада содржи мала количина на флавоноиди, а белата воопшто ги нема. Темната чоколада има горчлив вкус, но честопати поради подобрување на вкусот, се уништуваат здравите состојки при обработката. 
“Пржењето создава низа на нови ароми, но така се уништуваат молекулите во зрната, а тогаш секогаш постои шанса да се уништи и нешто што не сакаме да се уништи, како што се флавоноидите”, вели Мет Хартингс, професор по хемија на универзитетот во Вашингтон.
Иако нивото на флавоноиди варира од една до друга темна чоколада, таа е секогаш поздрав избор од млечната. Темната чоколада е богата со минерали како калциум, бакар, железо, магнезиум, манган и калиум, додека стеаринската киселина нема никакво влијание врз здравјето.
Доколку ја консумирате секојдневно, многу е важно тоа да биде мала доза, а кога одбирате чоколада, внимавајте таа да содржи минимум 60 проценти какао.
 Но, експертите предупредуваат да се обрне внимание на количината која се внесува бидејќи тогаш и таа станува штетна, пишува CNN. 

Пронајдете не на следниве мрежи: