-Главната причина за целата оваа операција што ни се случува од некои надворешни центри е промена на името на Република Македонија и на идентитетот на Македонија и тоа е целата цел што се слушуваше во изминатите 2-3 години. Ова со двојазичноста е секундарно и се случува сега, а нема да застане тука, од она што сум информиран целата таа операција за промена на името се води во четири фази, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето во дневникот на Сител.-И само народот може тоа да го спречи и доколку народот не реагира, политичарите не можат да го самите да го направат тоа. Едните ја бранат државата, другите одат на спротивната страна, вели Груевски.
Тој на прашањето што се однесува за јазикот и неговото менување со европско знаменце за само десетина дена вели:
-Прво што се однесува за законот за јазици тие планираат да го донесат насилно, тие сакаат да го донесат со знаменцето на Европската унија, законот во 2008-та јас колку што знам кога се носеше не беше така донесен, а сега тие сакаа за десетина дена да го изгласаат, а сето тоа бидејќи Заев тоа некаде го ветил. Тоа нема да помине и таа замисла силно ќе биде нападната во политичка смисла и ние ќе ја браниме Македонија. Од она што излезе во јавноста практично од целата таа тиранска платформа донесена во Албанија-Тирана тој некаде ветил дека ќе го менува јазикот, химната, знамето. Тој не може да ја промени химната, знамето и јазикот бидејќи за нив е потребно 2/3 мнозинство и ВМРО-ДПМНЕ да се согласи на тоа, но ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи. Крајната цел сепак е промена на името и идентитетот на Македонија, потенцираше Груевски.
Тој во јавноста го сподели и досегашното искуство и дека тој многу одамна можел да се испазари со името на Република Македонија.
-Јас можев многу лесно да се испазарам за името и сега и во минатото, но ние го одбравме потешкиот пат затоа што сакаме да го заштитиме народот и државата. Јас не случајно на изборите говорев на секој собир дека кризата ќе заврши доколку ВМРО-ДПМНЕ добие 63 пратеника , а сега само народот е тој што може да промени нешто, порача Груевски.-И само народот може тоа да го спречи и доколку народот не реагира, политичарите не можат да го самите да го направат тоа. Едните ја бранат држават