Кога еднаш ќе се заљубите во ЖЕНА ОД ОВОЈ хороскопски знак, НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД!

Во светот на астрологијата, да се биде Скорпија е некако – КУЛ, но не и премногу популарно. Вие не сте оној кој ги следи другите, вие го следите вашиот сопствен пат. Вие ги правите работите на свој начин  давајќи им на хејтерите доста материјал за оговарање. Не сте сечија „шолја чај“, но оние кои ве сакаат, тоа искрено го прават.Додека некои ве нарекуваат „интензивни“ или „тешки“, оние кои не се чувствуваат загрозено од вас, ќе сфатат дека сте совршени, лојални и вистински пријатели. Скорпиите се силни личности и сепак тие карактеристики со време сепак доаѓаат до израз. Тако што дами, еве зошто ниту еден маж нема да може да ве заборави кога еднаш ќе биде со вас.
Состанокот со вас е диво возење
Врска со Скорпија значи дека ќе ги имате некои од најдобрите денови во вашиот живот…но и најлоши. Но, тие моменти секогаш ќе ве тераат да се вратите назад по уште, иако може да ве исплаши доколку почнете со неа да се зезате кога не е расположена. Скорпиите се комплексни по природа и не ги сфаќаат врските туку така лабаво. Ќе ви покажат љубов, подлабока од било што на кое сте навикнати, а еднаш кога ќе ве погоди, повеќе никогаш нема да прифатите „обична“ љубовна врска.
Ќе ве познава подобро отколку што се познавате самите себе
Скорпиите се интуитивни и имаат свои начини да ги читаат луѓето, што може да биде многу иритантно додека не сфатите колку е корисно да имате некој кој може да ве „чита“. Многу е веројатно дека додека се дерете „Немој да ми кажуваш како да се однесувам“, ќе сфатите дека се чувствувате исто така како што таа ви рекла. Таа е одлична во контрола, ќе правите тоа што таа сака и ќе мислите дека тоа е ваша идеја. Но, светлата страна ан тоа е што својата моќ таа нема да ја користи во лоши цели. Таа има најдобар интерес за двајцата во својата глава.
Таа ги кажува работите такви како што се
Тој пасивно агресивен систем „Јас сум добро“ кој девојките го користитат кога ни најмалку не се добро е многу иритантна работа за мажите. Скорпиите не се оптоваруваат со тоа. Тие се директни и не се плашат да го кажат тоа што го мислат, дури и тогаш кога можеби е попаметно да молчат. Тие работите ги гледаат како црно и бело, никогаш сиво. Без оглед на тоа дали ја сакате или не. Или сте вредни да бидете во нејзина околина или не. Ова може да биде остро, но со неа барем секогаш знаете на што сте.

 
Таа е газда на работа, но и во кревет
Во работата, но и во љубовта, кога Скорпијата ќе зацрта нешто – таа тоа го исполнува. Таа ја презема иницијативата и нема да чека никој да донесе одлука наместо неа. Таа е мотивирана и никогаш не е срамежлива кога се во прашање работите кои ги сака, било да е работата во прашање или најдобриот фраер во барот. Немојте да се почувствувате загрозено, пуштете ја да ве води. Taа се чувствува пријатно кога ги води работите, а нејзините вештини помеѓу чаршавите се добро познати.
Ужасно е тврдоглава, но е неверојатно лојална
Мислевте дека можете да ја добиете расправијата со неа? Слатки сте. Но дури и кога со вас ќе се искара до коска, таа во јавност исто толку и ќе ве брани. Таа може да биде напорна, но ќе ви чува грб без разлика на се, а кога таа е на ваша страна – едноставно не можете да изгубите.
Ќе ве натера „дебело“ да се потрудите, но таа е вредна за тоа
Поголемиот број од Скорпиите имаат тешка школка која треба да се скрши па не се заљубуваат лесно. Но, доколку можете да излезете на крај со неа, на крајот од сите маки ќе сфатите дека таа била вредна за секој момент. Еднаш кога ќе ја освоите љубовта на Скорпијата, и уште подобро, довербата, таа ќе ве почитува мотивира и ќе внесе возбуда на сосема нови нивоа. Таа ќе ве одведе на авантура на животот и ќе ве натера да бидете најдобра верзија од себе.
Што повеќе можете да барате од една ваква врска?Додека некои ве нарекуваат „интензивни“ или „тешки“, оние кои не се чувствуваат загрозено од вас, ќе сфатат дека сте соврше

Пронајдете не на следниве мрежи: