Осите се една од најнеомилените летни глетки. Ни зујат на скарите и пикниците, и се закануваат со бодеж. Тие се светски омразени и вечно колнети. Но, дали навистина светот без оси би бил подобро место за живеење?И покрај лошиот имиџ, осите се неверојатно важни за екосистемот, но и за светската економија. Ги има во 110.000 видови, а се проценува дека уште толку видови се неоткриени. 80% од идентификуваните видови и припаѓаат на паразитската група, односно се размножуваат положувјќи јајца врз цвеќиња, а останатите 20% се предатори кои еволуирале и имаат бодеж.
И паразитските оси и предаторите имаат огромно влијание во животинското царство, ако се земе во обзир фактот дека се на врвот на ланецот на исхраната. Тие ја регулираат популацијата на без’рбетниците, но и на растенијата. Ова е нивната најважна улога, еколошки и економски.
Иако повеќето видови оси живеат осамен живот, оној мал број на видови на оси што се социјални суштества ја регулираат популацијата. Нивните матици имаат илјадници работници кои убиваат илјадници пајаци, стоногалки и инсекти што ги уништуваат насадите. Со ова значително е намалена употребата на пестициди во одгледувањето на храната.
Растенијата, пак, ги имитираат изгледот и испуштањето на хемиските профили на женките-оси, и ги измамуваат мажјаците да се парат со нив, а со тоа се исполнуваат со полен што потоа го пренесуваат понатаму. Без осите, орхидеите би исчезнале.
Пресмтеано е дека осите придонесуваат барем една милијарда долари годишно на глобалната економија со ваквите дејства, иако нивната работа во овој сектор често се игнорира.
Убодот на осата има позитивно влијание и на популацијата на човекот. Медицината дојде до октритија дека во отровот на осата има хемикалија што е успешна во третирањето на ракот.
Бидејќи не лечат, ни ги одржуваат растенијата и плодовите во живот, веројатно би требало да го цениме делото на осите. Без нив, несомнено, светот би доживеал еколошка и економска катастрофа.И покрај лошиот имиџ, осите се неверојатно важни за екосистемот, но и за светската економија. Ги има во 110.000 видови, а се проценува дека уште то