Кога главоболката е опасна?

Главоболката е најчеста болка која се јавува во текот на просечниот човечки живот. Таа секогаш значи нешто и затоа не е доволно само да испиете таблета против болка, туку треба да посветите внимание на вашето целокупно здравје.Но, она што е важно е да знаете за каков вид на главоболка станува збор. Одредени главоболки можат да укажуваат на сериозен проблем со вашето здравје. 
“Тапа” главоболка
Ова е најчестиот тип на главоболка и во глобала не станува збор за нешто посериозно. Доколку не предизвикува силни болки, можете да испиете таблета против болки и да продолжите со своите обврски.
Мигрена
Мигрената често предизвикува умерена до тешка болка. Таа трае релативно долго, односно од четири часа до дури три дена. За среќа, ова е многу ретка појава. Точната причина зошто се јавува мигрената не е прецизно утврдена, а се претпоставува дека е поврзана со генетика.
Болка во очите
Станува збор за најтежок и најредок вид на главоболка. Болката е толку интензивна што луѓето обично не можат да ја издржат, а тегобите се јавуваат позади окото или очите.
Синусна главоболка
Синусната главоболка е резултат на воспалени синуси, најчесто кога сте болни или алергични. Болката се јавува во носот, на челото и образите.
Хормонска главоболка
Овие главоболки се чести и специфични за жените, бидејќи се јавуваат во периоди на хормонални промени како менструација, менопауза и бременост. Контрацептивните пилули, исто така можат да бидат причина за ваквиот тип на главоболка.

Во следните случаи треба задолжително да побарате совет од лекар:
• кога болката ве буди од сон
• кога болката е изненадна и најсилна во почетокот
• кога главоболката предизвикува други проблеми како проблеми со видот
• кога болката ве боли поинаку отколку вообичаено
 
Но, она што е важно е да знаете за каков вид на главоболка станува збор. Одредени главоболки можат да укажуваат на сериозен проблем со вашето здрав

Пронајдете не на следниве мрежи: