Кајли Фиесел од Њујорк се шокирала кога во својот нов фустан од Зара нашла сошиен глушец.Кајли го купила фустанот од Зара и го платила 40 долари. Неколку недели подоцна за прв пат го облекла фустанот и тоа пред да појде на работа. Но забележала чудна миризба од фустанот.
„И покрај тоа што станала и малку прошетала, не можела да побегне од смрдеата“, стои во тужбата која госпоѓицата ја предала на суд во Њујорк.
„Почувствував како нешто ме чеша по ногата, но мислев дека се работи за работ од фустанот. Тогаш го напипкав фустанот и како да почуствував некој сензор. Но кога го свртев фустанот, видов дека се работи за глушец! Се скаменив- бев парализирана од страв, во голем шок. Моите очи видоа дека имам глушец во фустанот, но мојот мозок велеше дека тоа не е можно“, опишала младата девојка.
Госпоѓица Фисел сега ја тужи Зара за неодреден износ, а во тужбата стои дека претрпела душевна болка и развила голем осип за кој вели дека е дијагностициран како „болест која ја пренесуваат глодарите“.Кајли го купила фустанот од Зара и го платила 40 долари. Неколку недели подоцна за прв пат го облекла фустанот и тоа