Младенците не се виделе пред венчавката, а кога првпат го видел лицето на својата невеста младоженецот се шокирал, скокнал и рекол дека се разведуваКога младоженецот за време на венчавката го кренал превезот за прв пат да го види лицето на својата невеста, неименуван Саудиец толку се ужаснал што во истиот момент рекол дека сака развод!
Настанот се случил на свадба во Медина, пишува Дејли мејл. Бракот бил договорен и, според традицијата, младоженецот и невестата никогаш пред тоа се немале видено. Венчавката се одвивала според вообичаениот тек и дошол мигот за фотографирање, а кога младоженецот го кренал превезот имал што да види – се шокирал и скокнал како попарен.
„Ти не си девојката со која сакам да се оженам. Не си онаа која ја замислував. Извини, но се разведувам“, рекол.
Невестата паднала на подот во солзи, а сватовите во паника се обидувале да ја смират ситуацијата, но залудно.
Инцидентот предизвикал жестоки реакции на друштвените мрежи, а еве дел од нив:
„Предизвика голема болка со својот неодговорен став и заслужува да пати. Би требало да ја цени убавината на личноста, а не на лицето. За жал, денес многу млади ги интересира само изгледот, но не вредностите и моралот“, напишала извесна Афра.
„Тој не е доволно маж да ги преземе своите одговорности. Тој е потполно, но сосема бесчувствителен. Никој не го тераше да се жени“, додал извесен Абу Нас.Кога младоженецот за време на венчавката го кренал превезот за прв пат да го види лицето на својата невеста, неименуван Саудиец толку се ужаснал шт



