Природата од самиот почеток се погрижила да ни обезбеди се што ни е потребно, па затоа жените воопшто не би требало да трошат многу пари на разни помагала- но само кога би се свртеле кон природата и кога би знаеле што каде да бараат. Експертите ги откриваат скриените својства на некои овошја и зеленчуци за кои до сега веројатно не сте слунале.Брокула
Брокулата многумина ја избегнуваат поради специчичниот вкус, но кога би знаеле какво богатство крие, многу почесто био била на вашето мени.
Брокулата содржи одличен антиоксиданс, сулфорафан, кој има една фина особина. Инаку, научните истражувања покажуваат дека ова соединение влијае на клетките на ракот во смиот почеток, па се таму некаде до втората фаза, ги враќа во нормала. За жал, ова сосединение се наоѓа само во младата брокула, па онаа која ја наоѓате во продавниците скоро воопшто и да го нема.
Грозје
Покрај тоа што е многу вкусно, слатко и освежително, грозјето е и многу добро за ваштео здравје.
Во грозјето се наоѓа една фина супстанца, исто така антиоксидант, ресвератрол. Тој влијае поволно на стареењето, поточно го успорува тој процес, но има и многу позитивни ефекти на срцето и крвните садови.
Ананас
Имате проблеми со спуштени и опуштени гради? Нема проблем, само навалете на ананас! Инаку, опуштањето на градите е нормална работа која се јавува со текот на годините, но некои работи го убрзуваат овој процес како што е пушењето, претерувањето со алкохолот но и кафето. Вкусниот ананас може да ги реши сите овие проблеми.
Во ананасот се наоѓа цела низа антиоксиданти, така што исто така се смета за антиканцерогена намирница. Но, тој има и едно многу интересно својство поготово за жените. Тој содржи материи кои ја враќаат еластичноста на влакната на кожата, па со самото тоа подмладува. Ова посебно се забележува на градите, кои го губат обликот. Пијте доволно течности, исфрлете го кафето, пијалокот и цигарите и јадете секојдневно ананас, резулататите ќе бидат очигледни, порачуваат експертите.
Пченица
Доколку сакате некого да воодушевите со убавата коса и негувани нокти, неопходно е во исхраната да внесете варена пченица. Кога на косата и недостасуваат некои компоненти, таа станува кревка, се кине и цвета. Исто така, ноктите страдаат и се листаат. Пченицата содржи се што ви е потребно за да се ослободите од тие проблеми.
Домат
Доматот, исто како и јагодите, го содржи еден од најпознатите антиоксиданси- ликопен. Ова соединение толку добро се бори против слободните радикали што доматот исто така се смета за една од одличните намирници за борба против ракот.
Но и овде морате да бидете внимателни, бидејќи не е ист секој домат. Најдобар е летниот домат, кој има 13 милиграми ликопен на 100 грама домати. Од друга страна, зимскиот домат има само 0.9 милиграми ликопен на истата грамажа домати. Исто така е важно да се знае дека доматот треба да се јаде во комбинаци со маслиново масло, кое има моќ да го извлече ликопенот.
Брокула



